Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џамбаски му се закани на Пендаровски, а Бугарија го повлекува амбасадорот од Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џамбаски му се закани на Пендаровски, а Бугарија го повлекува амбасадорот од Скопје

ЏАМБАСКИ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПЕНДАРОВСКИ

Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии како слободно се шета и се поздравува со граѓани низ Гевгелија, каде што денеска претходно посети неколку организации и здруженија.

„Пријатни средби со граѓаните на Гевгелија, кои имав можност да ги сретнам за време на мојата посета на градот“, напиша шефот на државата вечерва на социјалните мрежи.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски претходно го поврза Пендаровски во контекст на историски атентат. По барањето, бугарски европратеник  да биде прогласен за персона нон грата, тој се препозна себе си и индиректно го потсети претседателот на судбината на кралот Александар Караѓорѓевиќ , кој бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски.


Министерството за внатрешни работи на самиот ден - на 4 феврураи ќе одлучува дали ќе му забрани на европратеникот Ангел Џамбаски влез во Македонија, по најавата дека радикални групи од Бугарија ќе ја одбележуваат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје.

Амбасадорот Ивица Боцевски застана во одбрана на претседателот Стево Пендаровски, кон кого бугарскиот евопратеник Ангел Џамбаски упати закани. 


БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕКУВА СВОЈОТ АМБАСАДОР ОД ЗЕМЈАВА

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков вечерва изјави дека Бугарија ги замрзнува преговорите со ЕУ за евроинтеграција на Македонија.

Вели дека на неопределено го повлекува бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје поради според Милков „вознемирувачката состојба во однос на правата на Бугарите таму и ескалацијата на злосторствата и настаните од омраза во последните месеци.“

„Македонија во овој случај, за да продолжи по својот европски пат, мора да ги почитува преземените обврски во рамките на европскиот предлог. Нема потреба Бугарија да прави ништо, туку да обезбеди почитување на обврските што Македонија ги презеде. Во самиот предлог нема рокови, тие може да не ги исполнат обврските со децении, што значи дека нема да почнат преговори.“ , вели Милков.

УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ ТЕНКОВИ

Украина добива тенкови од Германија, но и од САД. Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на интервју дозна за веста, по што не можеше да ги скрие емоциите. Тој се заблагодари на одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен“ на германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисија за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што слушнав за овие важни одлуки во телефонски разговор со германскиот канцелар Шолц. Искрено сум му благодарен, како и сите наши пријатели во Германија“, објави Зеленски, пренесува Индекс.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ИКТ секторот во Македонија е најпосакувана дестинација за вработување со оглед на платите кои се над државниот просек и одличните бенефиции за привлекување и задржување кадар.

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај  на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница.

Нето увозот на струја и гас за 11 месеци вреди 360 милиони евра и е за 190 милиони евра поскап од истиот период во 2021 година. Вкупниот увоз на струја и гас вреди 542,7 милиони евра. Извозот на струја во 2022 година во споредба со 2021 година пораснал за 5 пати и достигнал 186 милиони евра.

Секој човек е приказна за себе и секој кој заминал да работи надвор од Македонија има различно искуство. Но, сепак за да заминат во странство, граѓаните честопати е потребно да поминат низ процес на апликации, интервјуа, селекција, да учат јазик, а за сето тоа се потребни месеци или години.

Ракот на грлото на матката е четвртиот најчест карцином кај жените во светот и седмиот најчест рак воопшто. Според последните податоци има повеќе од 604.000 нови случаи со ова заболување.

Слично

Поврзани вести