Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џафери го достави предлогот до Собранието со министрите од ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе се бира техничка влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џафери го достави предлогот до Собранието со министрите од ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе се бира техничка влада

AХМЕТИ ЗАДОВОЛЕН ПОРАДИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ

Утре е историски ден – го избираме првиот премиер Албанец, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети. 

Кажа дека верувал во Охридскиот рамковен договор, официјализирање на албанското знаме и јазикот, а верувал и дека Северна Македонија ќе стане дел од НАТО и ќе отвори преговори за членство во Европската Унија.

„Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците и за сите други, бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден по друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за европска Македонија“, вели Ахмети. 

КРИТИКИ ЗА ЏАФЕРИ

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов на Фејсбук го коментира однесувањето на Талат Џафери, кој е мандатар за состав на новата Влада. 

Професорката Мирјана Најчевска на својот профил на Фејсбук коментира зошто Талат Џафери не треба да биде премиер на Македонија. 

Тој ќе ја предводи техничката влада до изборите закажани за мај. 

АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА НАЈАВИ БЛОКАДА АКО НЕ СЕ ИЗБЕРЕ ЧЛЕН ВО ДИК

Блокирање на улици најавува албанската опозиција ако не се избере член на Државната изборна комисија(ДИК). Се надеваат дека следните денови ова ќе се случи. 

Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. 

Пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниетo да го предложи кандидатот на албанската опозиција.

СРБИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ СВЕТИ САВА

Немаме поблизок народ од Македонците, не бараме ништо, само да градиме уште подобри односи, вели српскиот претседател Александар Вучиќ на Светосавската свечена акдемија вечерва во Скопје.

Наведе дека двата народи немаат никакви проблеми. Повика да градиме добри односи. 

„Верувајте дека кога игра вашата македонска репрезентација имате уште повеќе навивачи, малку посеверно од вас и дека со сето срце навиваме за вас и дека сме со вас и со сето она што Македонците го носат со себе. Тоа мора да го поставиме на рационални нозе. И ние и вие сме на европски пат и имаме високи цели. Верувам дека ние, Србија, за само 15 години од бруто домашните производи тројно ќе ги зголемиме на 100 милијарди евра. Тоа ќе можеме да го направиме и со ваша помош. На ЕКСПО 2027 во Белград. Ве повикувам Македонија да го има најголемиот штанд на ЕКСПО. И заедно да настапиме. Никогаш нема да ве убедуваме, ние не сме голема сила, ние само ќе ве замолиме на добра и пријателска соработка. Време е сите заедно, нашите Срби овде, и ние, да воскликнеме – да живее Србија“, рече  Вучиќ.

Слично

Поврзани вести