ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп
ДВОЈНО УБИСТВО И САМОУБИСТВО СЕ СЛУЧИ ВО ПРИЛЕП
Жената на прилепчанецот кој е убиен заедно со неговиот син го пријавила случајот во полиција откако пробала телефонски да ги добие сопругот и синот кои претходно, кон 15 часот заминале во куќата на вујкото на покана на вујкото. Таа отишла до куќата, но вратата била затворена.
Ова се дел од новите детали кои ги соопшти битолската полиција за двојното убиство и самоубиство кое го потресе Прилеп.
Во соопштението на СВР Битола се вели дека се расчистени околностите за тројното убиство.ДАНЕЛА ВЕЛИ ДЕКА АКО ТОШКОВСКИ РЕАГИРАШЕ НАВРЕМЕ, НАПАДОТ ВО ЧАИР НЕМАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку два последователни статуси на Фејсбук упати критики до полицијата и лично до министерот Панче Тошковски, за нападот кој деновиве го доживеа таа во Чаир.
„Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи. Панче, да доделеше обезбедување пред 2 месеци ништо од ова немаше да се случи“, пишува Арсовска.НИКОЛОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ДЕЛ ОД ПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Е ПУШТЕН ЗА СООБРАЌАЈ
Дел од автопатот Охрид – Кичево потегот од Врбјани до Ботун е пуштен за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој на социјалните мрежи објави и видео од патот. Министерот пишува дека ова е голем ден. После 11 години откако почна да се гради автопатот Кичево-Охрид, денеска висока државна делегација на патот кај Дебарца, промовираше дека се завршени 20 километри на потегот од Врбјани до Ботун од автопатот, кој е со вкупна должина од 57 километри.НА НАДЗОРНА КАМЕРА Е СНИМЕН МАЖ КОЈ ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ВО ДЕЛЧЕВО
При преглед на надзорна камера, регистрирано e лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.
Жител на Делчево пријавил до надлежните. Истрагата е во тек и работат на идентификација на лицето. Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.
