ФАКТОР НА ДЕНОТ: Две лица се уапсени за пукањето во Арачиново
ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ДВЕ ЛИЦА ЗА ПУКАЊЕТО ВО АРАЧИНОВО
Полицијата уапси две лица за пукање кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, објави Сител. Извори од МВР велат дека полицијата уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка пукаше кон Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.
Во меѓувреме, од торакалната клиника информираат дека состојбата на 21-годишниот А.А. е стабилна состојба и се опоравува. Во добра состојба е и Е.С. кој е во Градската болница и се очекува за неколку дена да биде отпуштен на домашно лекување.
Градоначалникот трипати досега беше нападнат.
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НЕМА ДА СЕ СООЧАТНема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати, информира денеска тимот за комукации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
-За жал, и покрај најдобрите намери во овој процес и соработката меѓу изборните штабови, политичките и медиумските околности во моментот не се одржливи за да се создадат услови за одржување на овие „мастер дебати“, се посочува во соопштението.
ЗИЈАДИН СЕЛА ГИ ДОБИ ПЕЧАТИТЕ ОД АА
Зијадин Села ги доби печатите на Алијанса за Албанците со одлука на тетовскиот суд.
Со судската одлука, печатите му припаднаа на крилото на Села. Тоа крило веќе одлучи да се приклучи на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Крилото на Арбен Таравари се приклучи на коалиција Вреди, во која се опозициските партии на Албанците. Раскол во партијата настана поради настапот на изборите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Што се случува во една од досега најсилните и најуспешните странски инвестиции во земјава, Ван Хол?
