ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двајцата уапсени за киднапирањето на внукот на Бошкоски завршија во притвор
ПРИТВОР ЗА УАПСЕНИТЕ ЗА КИДНАПИРАЊЕТО НА ВНУКОТ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ
Притвор од 48 часа добија две лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат два дена во затворот „Скопје“ во Шутка. Двете лица се осомничени за кривично дело Грабнување.
ОД УТРЕ ОСУМ ПАЦИЕНТИ ЌЕ ПРИМААТ ТРИКАФТА
Ова е првата фаза со која почнува терапијата со лекот „Трикафта“ за најтешко болните пациенти од реткото хроничнo заболување цистична фиброза. Едно дете и седум возрасни пациенти веќе од утре ќе почнат да го примаат лекот кој од денеска веќе е на Клиниката за детски болести.
- Лекот од утринава веќе е пристигнат на Клиниката, и веќе ги примаме пациентите кои треба да почнат со терапијата. На Детската клиника ќе примиме шест пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија.БОКИ 13 ПРЕД ОПЕРАЦИЈА СО ВИСОК РИЗИК
Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски или Боки 13 алармира дека животот му е загрозен поради неможност за лекување во затворски услоби. Тие посочуваат дека по направен преглед на Боки 13 во вторникот (07.03) му било констатирнао аларматно влошување на здравствената состојба.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
