ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двајца Македонци се удавија во Албанија, денес имаме над 880 заразени со корона
ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ СЕ УДАВИЈА ВО АЛБАНИЈА
Надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот, велат од македонското Министерство за надворешни работи.
Според информации добиени од македонската Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја.
„Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада“, велат од МНР.
ДЕНЕС ИМА 882 ЗАРАЗЕНИМинистерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 6.591 тестирањe, а регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 333, Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1.
Пријавени се 14 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г).СЛОВЕНИЈА, АВСТРИЈА, РУСИЈА СО СТАВ ЗА БЕГАЛЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН
Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година, вели словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Тој ја искоментира состојбата во Авганистан.
„Европската унија нема да отвори никакви хуманитарни или миграциски коридори за Авганистан. Ќе им помогнеме само на поединците што ни помогнаа за време на НАТО операциите во Авганистан. И на членките на ЕУ што ја штитат нашата надворешна граница“, напиша тој на Твитер на словенечки јазик.
Додава дека ако жените можат да се организираат и да се борат против Талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш тоа треба да го сторат и мажите.