Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ има план од три точки за опозицијата да прифати уставни измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ има план од три точки за опозицијата да прифати уставни измени

ДУИ СО ПОНУДА ЗА ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ има понуда за ВМРО-ДПМНЕ со цел да се реализираат уставните измени. Oд ДУИ се подготвени да се откажат од сите досегашни позиции, вклучително и од барањето за премиер Албанец, а премиерското место да му го отстапат и на ВМРО-ДПМНЕ, но само под услов промената на Уставот да стапи на сила пред втората меѓувладина конференција.

„Тој план од три точки опфаќа опозицијата да ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила до втората меѓувладина коференција. На истиот ден ДУИ би се повлекла од сите позиции во Владата вклучувајќи и што би го добила дали од опозиција или позиција во пржинската или техничката Влада. Сите позиции. Има само еден услов, тоа е точката три, доколку се прифати овој план задолжително уште утре да има истрага на политичките партии“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПЕНДАРОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОДЛОЖЕНИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Е НЕРЕАЛНО

И јас би сакал, но надвор од реалноста е уставните измени да бидат со одложено дејство, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски за барањето на ВМРО-ДПМНЕ. 

Додаде дека уставните измени мора да се направат до завршувањето на скрининг-процесот за да може да се одржи втората конференција за отворање на кластерите со преговарачките поглавја. 

ИСТЕПАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СТРУГА

Бугарското Министерство за надворешни работи добило информација за нападот извршен денеска врз претседателот на здружението на Бугари во Македонија – „Шемето“, Бекир Кадриески во Струга. 

Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза. 

Оттаму посочуваат дека според првичните податоци, жртвата добила лекарска помош и е примена во локалната болница.

Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека го нападнало непознато лице во градот Струга. Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“. 

Македонската полиција го потврди инцидентот. Напаѓачот според нив МВР е од Велешта.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЈП ПРОТЕСТИРАА

Вработените во Управата за јавни приходи ќе одржат протест, на кој ќе го изразат своето незадоволство поради тоа што министерот за финансии Фатмир Бесими не дал согласност за потпишување на новиот Колективен договор кој предвидува зголемување на платите.

Протестот ќе се одржи денес со почеток во 11 часот пред  зградата на Министерството за финансии. Од таму велат дека во последните 14 години нивните плати се зголемени само за 5 отсто, а во последните четири години воопшто немало зголемување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонците претпочитаат европски производители на нови возила, а најголеми приходи лани од продажба на нови возила и од сервис оствариле две компании кои нанашиот пазар увезуваат германски возила

Јавното претпријатие за државни патишта објави дека извесната кандидатка Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на вицепремиерот Артан Груби како главен и одговорен координатор на проектот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, кои ќе ги гради изведувачот „Бехтел и Енка“.

Челичниот гигант во земјава „Макстил“ ќе инвестира големи пари, а за тоа ги извести и инвеститорите преку Македонската берза.

Важна вест стигна за акционерите на Цементарницата УСЈЕ, доколку сакаат да си ги земат парите кои им следуваат како дел од добивката што лани ја оствари компанијата, односно својата дивиденда.

Полагањето на испитите од државната матура, повторно „падна на испит“. Бројот на ученици кои завршуваат средно образование со висок просечен успех постојано расте, а квалитетот на знаење кое го добиваат учениците во основното и средното образование за жал опаѓа а тоа го гледаме во високото образование. 

При промена на времето, граѓаните се жалат дека трпат главоболки, болки во зглобовите и мускулите.

Работната група на владеачката СДСМ вчера се обидела да исконтактира со претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да продолжат преговорите за обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени, но од таму не добиле повратен одговор, неофицијално потврдуваат владини извори.

Слично

Поврзани вести