Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ го промовираше Зибери како кандидат за премиер, денес нови 136 заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ го промовираше Зибери како кандидат за премиер, денес нови 136 заразени

ДУИ ГО ПРОМОВИРАШЕ НАСЕР ЗИБЕРИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР

Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја, им порача Насер Зибери кандидатот на ДУИ за премиер, на лидерите на СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. 

Вели дека ја прифатил идејата на ДУИ затоа што верува во неа. 

„Како пратеник неуморно се залагав за заштита на правата на Албанците, а бев и член на преговарачкиот тим кој во името на Али Ахмети работеше на постигнување мир, кој беше крунисан со Охридскиот договор. Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност“, рече Зибери.

ДУИ од Преспа ја започна предизборната кампања под мотото „Време е за премиер Албанец“.

Зибери пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, односно за цело ова време работи како нотар. 

ДЕНЕС НОВИ 136 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот Венко Филипче. Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево. Во денешното соопштение не се објавени годините на починатите пациенти.

Од новозаболените од Скопје се 80 лица, од Куманово 6, од Тетово, 24, Штип 1, Прилеп и Велес по 3, Охрид 5, Гостивар 4, Ресен 4, а по еден нозаболен има во Струмица, Крива Паланка, Струга, Кочани, Кичево и Неготино. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ФОРМИРАШЕ КОМИСИЈА КОЈА ЌЕ ГИ СЛЕДИ ИЗБОРИТЕ

Јавниот обвинител донел Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

„Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, формирана е комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување“, соопштија од обвинителството..

За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на РСМ. 

Членови на комисијата се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.

СТАРТУВАШЕ КАМПАЊАТА

Изборната кампања почнува денеска, а надлежните ги прават сите подготовки за денот на изборите да помине во безбедни услови, со одредени протоколи и мерки за заштита на здравјето и на оние граѓани кои ќе гласаат, но и на членовите на избирачките места кои ќе бидат ангажирани.

Сепак, дел од нив уплашени за своето здравје, за Фактор велат дека би требало да се направи многу повеќе од аспект на заштита од корона вирусот, бидејќи најголемиот дел од тој ден ќе го минат во затворена просторија, и ќе бидат во близок контакт со најразлични луѓе, односно со гласачите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кога стартуваше корона кризата, УЈП во аликацијата Мој ДДВ стави можност граѓните кои сакаат, наместо да го добијат својот износ, тој автоматски да биде префрлен во хуманитарниот фонд на државата наменет за справување со корона кризата.

Поради пандемијата на Ковид – 19 оваа летна сезона, повеќе од 700 туристички водичи во земјава ќе останат без приходи.

Во новиот Ковид-центар, Институтутот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, кој од неделата беше пренаменет и за возрасни пациенти болни од коронавирусот, веќе се сместени 11 лица.

Речиси сите плати паѓале во април во однос на март, говорат податоците на Државниот завод за статистика. 

Слично

Поврзани вести