Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ е против референдум, а Апасиев повика на целосна блокада на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ е против референдум, а Апасиев повика на целосна блокада на Собранието

ДУИ Е ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМ

ДУИ денеска одржа прес-конференција, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли рефенедумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

ДУИ тврди дека станува збор за меѓународен договор и според Уставот и неговото правно дејство не може да се менув, изјави меѓу другото. на прес-конференција шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.

„Иницијативата за организирање на референдумот е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.

АПАСИЕВ ПОВИКА НА ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО

Време е за тотална блокада на Собранието, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев. 

Тој ја повикува целата опозиција да влезе во тотална блокада. Апасиев рече дека по последната постапка на собранискиот претседател Талат Џафери кој самиот реши да ја цени уставноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, нема веќе смисла да се биде во Собранието.

ХОЏА ПОВИКА ДА СЕ ИСКЛУЧИ МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на одлуката повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.

„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.

УКРАИНЦИТЕ ГО ОСЛОБОДИЈА ИЗЈУМ

Украинците во украинскиот град Изјум ги кинат руските знамиња и ги поздравуваат украинските војници. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека граѓаните се среќни што градот повторно се врати под украинска контрола. 

Луѓе со украински знамиња на грбот и цвеќиња им приоѓаат на војниците. 

„Слава на Украина“, „Слава на хероите“, „Изјум е Украина“ извикуваат украинските војници. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети ова место и го подигна државното знаме. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата изминатата недела му ја исплати целосната сума од 50 милиони евра на АД ЕСМ предвидена за енергетската криза во снабдувањето со електрична енергија. Ова е прва трансакција од буџетот наменет за државните електрани по повеќе од половина година и втора по големина од почетокот на енергетската криза, откако во првата половина во ноември 2021 беа префрлени 65 милиони евра за ЕСМ.

Нина Ангеловска, поранешна министерка за финансии на земјава, која на овдешната јавност и беше позната по тоа што беше сопственичка на компанијата за онлајн трговија Групер, зазема нова висока позиција во друга компанија за онлајн трговија, со српски капитал. 

Нашата Влада уште пред три години барала кредит кај Европската инвестициона банка од 50 милиони евра за подобрување на состојбите со водната инфраструктура во општините, но врвот на ЕИБ го одобрил дури пред неколку месеци. 

Значително намалена вредноста на проектите кои ќе се градат во следниот период, иако бројноста на одборенијата не бележи толку голем пад. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека имаме благо намалување на бројот на одобренија за градење издадени минатиот месец, но кај вреднсота има поголем пад. 

Веста од нашата влада дека обезбедиле 200 мегавати струја за период од 1 октомври до 30 март остави многу недоречености и недоумици во јавноста. Најголема непознаница остана цената што нашите фирми би ја платиле за секој увезен мегаватчас струја. 

Актуелната економска состојба, а претходно и кризата со пандемијата драстично го влошија и онака кревкото опстојување на околу 10.000 слепи лица и лица со телесен инвалидитет.

Српскиот аналитичар Милан Вилиќ за Фактор за идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, вели дека тоа се дневно – политички изјави и желби на Албанците кои живеат во Косово и Србија.

Слично

Поврзани вести