Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дрин Ахмети тврди дека легално ги купил пиротехничките средства за внуците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дрин Ахмети тврди дека легално ги купил пиротехничките средства за внуците

ДРИН АХМЕТИ ВЕЛИ ДЕКА ЛЕГАЛНО ГИ КУПИЛ ПЕТАРДИТЕ

Дрин Ахмети, внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој беше уапсен на 30 декември под сомнение дека поседувал големо количество пиротехнички средства, ризикува затворска казна од 3 до 10 години. Јавното обвинителство ќе го спроведе вештачењето на одземените средства за понатамошна постапка во насока на проверка и квалификација на кривичното дело.

Тој што прекршувајќи го законот преработува, чува, продава, нарачува, посредува во трговија или разменува огнено оружје, муниција или распрскувачки материи, ќе се казни со затвор од 3 до 10 години“, се вели во Кривичниот законик, член 396.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека по овој член се засноваат полициските информации доставени до органот на обвинителството. Спасовски рече дека ја очекува навремената истрага за случајот од Обвинителството.

ЈОВАНОВСКА ОБЈАСНИ ШТО СЕ СЛУЧИЛО СО БЕБЕТО ЧИЈА РАКА Е СКРШЕНА

Бебето кое во текот на породувањето со царски рез на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доби скршеница на раката нема да има траен инвалидитет, ниту пак долгорочни последици, потврди за „Слободен печат“ директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, доктор Викторија Јовановска.

„Вчера му е поставена имобилизација и нема да има никаква последица. Ова се случува како компликација при попречна презентација на плодот. Формиравме комисија за да се испитаат сите околности. На почетокот по пораѓањето, отокот не бил видлив. Но, вчера изутрина кога забележале дека на раката има оток, направија рентген снимка и видоа дека има фрактура. Тоа не е честа компликација, но сепак е компликација која може да настане кога плодот има попречна презентација. На почетокот детето имало пареза на раката. Постојат парези кои во првите 24 часа спонтано поминуваат и чекавме да видиме дали е тоа. Но, бебето е сега имобилизирано и мајката го гледа. Може да ја испишеме од болницата утре заедно со бебето“, изјави Јовановска.

ИДНИНАТА НА ЧЕБРЕН Е НЕИЗВЕСНА

Пропаѓа и последниот обид за изградба на хидроцентралата „Чебрен“, бидејќи грчката компанија „Архиродон“, која требаше да го потпише договорот за изградба до крајот на 2023 година, тоа се уште не го направила. 

Со оглед дека рокот за продолжување на гаранцијата веќе измина, а истата не е продолжена, ниту пак, е потпишан договорот за изградба, неминовен заклучок е дека и овој 14-ти обид за изградба на „Чебрен“ завршува неуспешно. 

Од Министерството за животна средина, за утре најавија брифинг со новинари на темата „Чебрен“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државниот завод за статистика објави два огласи на својата веб страна со кои ќе пополни дури 25 работни места. Од едниот оглас се забележува дека платите се движат од 27 илјади денари па до скоро 32 илјади денари, и за сите кандидати се бара да имаат високо образование, со работно искуство и познавање на еден светски јазик.

Вработените во печатницата „Напредок“ од Тетово подготвуваат тужба за сопственикот откако пред Нова Година останаа без четири неисплатени плати, а згора на тоа фирмите „Напредок еден“ и „Напредок принт“ сега се преселени во Скопје.

Владата како најголем акционер во Тутунскиот комбинат Прилеп изгласа зголемување на откупните цени за кило тутун во сите три класи за по 10 отсто во секоја класа. Така сега кај најквалитетниот тутун цената за еден килограм е зголемена за пола евро, а кај класата со најслаб квалитет покачувањето е 0,3 евра за килограм

Македонските банки тежат од пари. Таков впечаток може да со добие ако се погледнат последните податоци на Народна банка на Македонија, кои се однесуваат за крајот на ноември минатата година, а во врска со состојбата со депозитите во македонскиот банкарски сектор.

Влеговме во новата 2024 година. Новата година симболизира и нови почетоци. Граѓаните имаат желби, планови, но треба да работат и да ги остварат. Психологот Наталија Наумовска советува да си поставиме краткорочни цели и да се трудиме максимално нив да ги оствариме.

Д-р Фросина Крстаноска е субспецијалистка за сексуална медицина, клинички сексолог која во последните неколку години живее на релација Словенија – Македонија, а во денешното интервју за Фактор открива кои се главните проблеми заради кои пациентите најчесто бараат помош, но и за тоа што може да се очекува од третманите кај сексолог.

Слично

Поврзани вести