Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Драган Даравелски бара повторно судење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Драган Даравелски бара повторно судење

ДАРАВЕЛСКИ БАРА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ

Поранешниот директор на царинската управа, Драган Даравелски е  спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје.

Тој вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце, а наводно се предал сам.

Доколку на Драган Даравелски му биде прифатено барањето за повторно судење, тогаш тој дефинитивно ќе биде слободен граѓанин.

АХМЕТИ И ГРУБИ ГО ПОСЕТИЛЕ ОРИЃАНСКИ

Композиторот Златко Ориѓански на својот профил на Фејсбук објави дека во негова посета во Тирана и македонскиот Културно информативен-центар, чиј директор е музичарот, ги пречекал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и првиот вицепрмеиер Артан Груби.

„Фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно Информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вице премиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети.

ПРИГОЖИН ТВРДИ ДЕКА ГО ЗАЗЕЛЕ СОЛЕДАР

Според шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, градот Соледар е целосно ослободен. Тврди дека се убиени 500 украински војници, пишува Sky News. 

Вели дека целиот град е покриен со трупови на украински војници. 

Но, вакво нешто не кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно. Зеленски ги измеа руските тврдења и кажа дека се водат жестоки борби. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди од предвремено објавување за заземање на украинскиот град Соледар, но истакна дека има „позитивен тренд“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Единствениот национален регистар на прописи го објави предлог Законот за системот на плати, кој минатата година го најави премиерот Димитар Ковачевски, а со кој, како што рече тогаш, треба сите вработени во јавниот сектор и функционерите да имаат горе-долу еднакви плати според компетенциите.

И на нашата берза има акции – џокери кои се во позадина и не можат да бидат во фокус на инвеститорите од повеќе причини. Но споредбата на нивните параметри, континуитетот во работата и потенцијалот се реално силни аргументи заради кои овие фирми можеби и вреди да бидат дел од инвестициското портфолио на секој просечен акционер

Речиси и да нема семејство во кое нема заболен од грип или друг вирус, а потоа многу лесно се заразуваат и останатите членови. Луѓето се жалат на многу висока температура, треска и болки во мускулите. Кај некои настануваат сериозни компликации на респираторните патишта.

Некои луѓе едноставно имаат повеќе среќа од другите. Некои не можат да најдат никкакво вработување, а други, пак, затоа, се вбработени на две позиции во иста државна институција, и тоа ни помалку ни повеќе, туку во Генералниот секретаријат на Владата. 

Компанијата Макпромет од Штип го разреши, и потоа пак го избра неизвршниот член на Одборот на директори, Миле Атанасов. Причина за ова беше фактот што му беше истечен мандатот на Атанасов, но тој од акционерите на компанијата добил уште еден мандат.

Слично

Поврзани вести