Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Доставени се осум случаи со можни злоупотреби при кардиолошки интервенции

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Доставени се осум случаи со можни злоупотреби при кардиолошки интервенции

ДОСТАВЕНИ СЕ ОСУМ СЛУЧАИ ЗА КОИ ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА СЕ ПРАВЕНИ ИНТЕРВЕНЦИИ НЕПОТРЕБНО

Министерот за здравство Азир Ализу денес објави дека се пристигнати осум случаи на можни злоупотреби од финансиски мотиви при кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции во приватното здравство и дека за тоа е формирана специјална комисија за да ги испита наводите.

Тој додаде дека никој нема да биде заштитен, ниту од јавното, ниту од приватното здравство, ако се докаже дека бил вклучен во извршување интервенции за кои не постои медицинска оправданост. Во исто време, како што вели министерот, никој нема да биде стигматизиран без докази.

МИЦКОСКИ НЕ ПЛАНИРА ДА УРИВА ДИВОГРАДБИ КАКО ЕДИ РАМА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Брвеница на новинарско прашање одговори дека не планира масовно да урива дивоградби по примерот на Албанија и кампањата на тамошниот премиер Еди Рама.

- Мојата филозофија во животот е да градам,а не да уривам, кратко одговори Мицкоски на новинарското прашање.

Албанија и албанскиот премиер Еди Рама се актуелни изминатиот период со широката кампања за уривање на дивоградби, особено на туристичкото крајбрежје околу Валона и Саранда.

СДСМ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ПРЕМИЕРОТ ДЕКА ИМА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

Oд СДСМ велат дека со инфлација од 4,8 отсто повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4 отсто, а граѓаните тонат во сиромаштија.

Според нив, Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака премиерот Христијан Мицкоски да прикаже. 

„Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Кавадарци, Неготино, Росоман, сопствениците на лозја бараат берачи на грозје, а условите и висината на дневницата е различна. Некаде плаќаат фиксна сума, некаде плаќаат според тоа колку гајби со грозје ќе набере работникот. 

Познати се инвеститорите во нови корпоративните обврзници од третата емисија на обврзници кои ги издава ТТК Банка АД Скопје. Станува збор за издадени долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент (капитална обврзница) кои ќе се користат за зголемување на капиталот на Банката.

Компанијата Макстил ќе се задолжи со сума од 45 милиони евра кај Стопанска банка Скопје, кредит кој како што посочуваат ќе се искористи за поддршка на тековно работење, но и враќање на долгорочни и краткорочни кредити. Притоа кредитот според објавата ќе треба да се врати до крајот на 2040 година.

Новата наводна афера со тврдења дека во периодот од 2019 до 2024 година бил прислушкуван Христијан Мицкоски, тогаш лидер на опозицијата, а сега премиер, како и повеќе новинари, бизнисмени и јавни личности засега нема официјално име.

Слично

Поврзани вести