ФАКТОР НА ДЕНОТ: Донесена е забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА „ВАРДАРИШТЕ“
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
„Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“. Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип“, се вели во соопштението.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ФЕТАИ ТРЕБАЛ СО СЕБЕ ДА НОСИ И ПРЕВЕДУВАЧ
Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во иднина нема да ја повтори грешката, во однос на настанот од пред два дена, кога Фетаи одби да одговори на новинарски прашања на македонски јазик, велејќи дека не е подготвен да говори на македонски. Единствената грешка, според премиерот, е тоа што доколку одлучил да говори на албански јазик, со себе требало да понесе преведувач.
„Јас во мое име им се извинувам на новинарите и убеден сум, бидејќи веќе разговарав со него, дека тој истото тоа ќе го стори и таа грешка нема да се повтори“, рече Мицкоски.ТРИ ЛИЦА ДОБИЈА ОБВИНЕНИЕ ЗА „ВАРДАРИШТЕ“
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата.
Тројцата обвинети од 2020 до 2 септември 2025 вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност управување со отпад.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
