ФАКТОР НА ДЕНОТ: Донесен Законот за попис, а за „Монструм“ Фетаи бара доживотен затвор
ДОНЕСЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС
Конечно е изгласан Законот за попис.
Со 62 гласа „за“, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе Законот за попис.
Ова се случува по една недела откако заврши расправата за ова законско решение.
Инаку, за законот гласаа пратеници од коалицијата на СДСМ, ДУИ и од опозициските Алтернатива и Алијанса на Албанците.
А, пред чинот на гласање, преку процедурални забелешки, опозицијата ги искажа своите ставови.
Конкретно, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека со овој закон пописот ќе биде политичка, наместо статистичка операција. Од партијата на Христијан Мицкоски рекоа и дека се сомневаат во предвремено договорање на пописните резултати меѓу коалициските СДСМ и ДУИ, а доказ за тоа била недовербата меѓу нив која била преместена помеѓу врзаните потписи што треба да ги имаат директорот на Државниот завод за статистика и заменикот кој е Албанец.
Во законот е наведено дека пописот треба да се спроведе во првите три недели од април.РАЗРЕШНИЦА ЗА„МОНСТРУМ“
Во основата на завршниот збор кој го даде обвинителката Фатиме Фетаи за случајот Монструм, всушност лежи фактот дека и по неговото повторување, не се отктри поинаква вистина за случајот во однос на претходната, за ова грозоморно петкратно убиство кое ја потресе македонската јавност.
Завршниот збор на обвинителката содржи околу 70 страници, и таа побара доживотен затвор за петмината обвинети.
Обвинетите во „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, по извршувањето на убиствата, побегнале од местото на петкратното убиство кај Смилковско езеро, користејќи ја „опел омегата“ и се упатиле на договореното место каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири, рече денеска обвинителката Фатиме Фетаи.
Според неа, Хаки Азири знаел дека тројцата обвинети отишле да извршат некаква работа поради нерасчистени сметки, а потоа откако дознал што се случило, не кажал ништо. Фејзи Азири, пак, потоа помогнал во бегството.СРБИЈА НУДИ ПОМОШ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕКАРИ
Српската премиерка Ана Брнабиќ објави дека до утрово во Србија биле вакцинирани 50.000 луѓе.
„Утрово, околу осум ипол, ја надминавме бројката од 50.000 вакцинирани лица“, рече Брнабиќ за телевизијата „Хепи“, а пренесува РТВ.рс.
Таа додаде дека вчера целта била да се вакцинираат 16.000 лица, а повеќе од 20.000 биле вакцинирани.
За денес, како што изјави премиерот, целта е да се вакцинираат 30.000 лица.
Масовната вакцинација започна во Србија пред два дена, а три вида вакцини им се достапни на граѓаните, „Фајзер-Бионтек“, Спутник V и „Синофарм“.ОБВИНЕНИЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ КОИ СЕ ЗАКАНУВАА ВО АВТОБУС
Двајцата насилници кои мактретираа граѓани во еден скопски автобус и за кои се прошири видео на социјалните мрежи, заработија обвинение.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 15 ЛУЃЕ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од: Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
