ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дојави за бомби за Скопје и Битола, а Апелација ја укина пресудата за Мијалков
НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Извесен твитер профил под називот Зналац објави како изгледа еден мејл кој го добиле нашите институции со заканите за бомби во текот на денешниот ден.
„Прочитајте како изгледа денешниот меил од "бомбашите". За малку појасни да бидат работите...„“, напишал на својот твитер профил Зналац.
Не се знае кому му припаѓа овој профил, а Фактор се оградува од тоа дали е точен принтскринот што тој ги објави на својот твитер налог.АПЕЛАЦИЈА ЗА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ
По случајот „Трезор“, по ист принцип нема да има ниту пресуда за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во случајот „Таргет Тврдина“.
Апелациониот суд Скопје ја укина неправосилната 12-годишната затворска казна за масовното незаконско прислушување, по кој во меѓувреме Апелација не се произбесе.
Судот објави дека е укината пресудата и вратен е на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје, што практично би значлело застарување на предметот без епилог.
Според Апелациониот суд Сопје, пресудата е укината „поради суштествени повреди во постапката“.ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА СОВЕТУВА ДА ГО СМЕНИМЕ УСТАВОТ
Болно е што повторно треба да се промени македонскиот Устав, но ветената измена содржински не е проблематична, изјавила амбасадата на Германија за порталот Локално.
– Како што кажа и Сојузниот претседател во Собранието, Северна Македонија толку долго работеше на својата европска иднина, следната година би требала да ја спроведе ветената измена на Уставот, којашто содржински впрочем не е проблематична. Сите кои ја сакаат оваа европска иднина и сакаат да избегнат понатамошни одложувања, би требало да гласаат за уставната промена – нагласила Германската амбасада.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
