Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Договорот Заев - Гаши и денеска е топ тема, имаше партиски реакции

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Договорот Заев - Гаши и денеска е топ тема, имаше партиски реакции

РЕАКЦИИ ЗА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ЗАЕВ И ГАШИ

Лидерот на еден од помалите владини коалициони партнери, ЛДП, Горан Милевски, не објавува засега повеќе детали за вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, но затоа го кажува својот став дека сега, среде пандемиска криза во земјава, се несериозни барањата на Алтернатива за промени во ресорот задравство. Тој утрово на својот фејсбук профил го сподели ставот на професорот д-р Никола Пановски, искажан во гостување на ТВ Телма. 

Партијата на Димитар Апасиев, бара лидерите на СДСМ и на Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши, да не се мешаат јавно во судската власт. 

„Гаши и Заев, со цел да ја спасат актуелната криминална групација на власт, договорија 47 одговорни раководни позиции во државните институции да бидат доделени на кадри од Алтернатива, која патем покажа голема некозистентност, несериозност и незрелост во своите ставови, бидејќи пред неколку недели беше подготвена да гласа недоверба на истата влада.


Не поддржувам трансфер на пратеници и сум голем противник на политички пазарења, вели претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. 

Тој реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која го нарече „последниот бастион на СДСМ“

КАНДИДАТИТЕ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ ПРОГРАМИТЕ

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на партијата. 

„Со Програмата „Концепт28“ воведуваме директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите. Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот“, пишува Деспотовски на Фејсбук. 

Тој истакнува дека направените грешки во кадровската политика ја донеле сметката на избори. 

Во моментов СДСМ се наоѓа во една специфична ситуација, од причина што после локалните избори имаше резултат кој не одговараше на очекувањата, и тоа само по себе предизвикува потреба од нова енергија и од реорганизација на партијата, и изготвување на програма која ќе го врати СДСМ на победничката патека, изјави вчера во своето гостување во 24 Анализа еден од кандидатите за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. 

ДЕНЕСКА ИМА 375 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен  - по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод  - по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево - по 1.

МАРТИН ПРОТУЃЕР ДЕНЕСКА СВЕДОЧЕШЕ

Мартин Протуѓер поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ денеска сведочеше во судот на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“. Тој одговарал на повеќе прашања за финансирање на партијата во тоа време, но и за тоа што знаел за евентуално купување плацеви од страна на Никола Груевски, поранешниот премиер моментно азилант во Унгарија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доцна вчеравечер заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и неговите помали коалициони партнери во Владата. 

ГТЦ на 17 ноември потпишал едногодишен рамковен договор со ЕСМ Продажба за набавка на електрична енергија во вредност од 47,2 милиони денари со ДДВ. Договорот е потпишан еден ден по аферата со наводното копање на криптовалути во подрумските простории на шопинг-центарот. Набавката е објавена вчера на електронскиот регистар.

Идната година, или барем првата половина од неа, ќе биде кризна година. Односно, на територијата на земјва ќе бидат проглаени три вида на криза - енергетска, пандемиска и мигрантска. Или поточно, се до јуни 2022 година, во земјава ќе имаме и енергетска кризна состојба, и ковид криза, но и кризна состојба предизвикана од мигранти.

Во Владата се разговара за можност за нудење на последна легализација на дивоградбите но со посебни услови, дознава Фактор.

Слично

Поврзани вести