Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дизелот поевтинува од полноќ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дизелот поевтинува од полноќ

ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 86,5, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм.

МУЦУНСКИ РЕАГИРАШЕ ДО БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЗА ТЕРМИНОТ „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ“

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски реагираше на изјавата на неговата бугарска колешка Весислава Петрова-Чамова, посочувајќи дека меѓу нив немало официјална билатерална средба, туку само кратка размена на зборови на маргините на настан.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски.

Тој реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ за македонскиот народ, оценувајќи дека таквиот израз е неточен и несоодветен.

ПРЕДМЕТОТ ЗА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА „ПУЛС“ ОДИ НА ГЛАВНА РАСПРАВА

Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. 

На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби барањето за изземање на судијката Лидија Петровска, со образложение дека таа нема интензивна комуникација со обвинетите.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА

Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите што, според обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. 

Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ што го поврзува со кривичните дела. Адвокатот Владимир Туфегчиќ оцени дека Основниот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ја исклучил можноста за негова вина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата Скопски пазар АД Скопје во првите три месеци од 2026 година оствари позитивен финансиски резултат, при што консолидираната нето добивка достигна 114.241.000 денари или околу 1,86 милиони евра, покажуваат неревидираните финансиски податоци објавени на Македонска берза. 

Денес завршува примирјето предложено од американскиот претседател, Доналд Трамп, меѓу Русија и Украина. Рускиот претседател, Владимир Путин, предложи примирје на 8 и 9 мај, украинскиот, Владимир Зеленски, на 5 и 6 мај, со закани дека може да изврши напад врз учесниците на парадата на Црвениот плоштад. 

Коалицијата Вреди (VLEN) конечно се обедини во еден политички субјект, односно се регистрираше единствена политичка партија, симболично на 9 мај, денот на Европа, што ја покажува нивната главна определба. 

Слично

Поврзани вести