Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дизелот ќe поевтини за 7 денари, бензините до 4 денари по литар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дизелот ќe поевтини за 7 денари, бензините до 4 денари по литар

ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе новата одлука за највисоките малопродажни цени на горивата, која ќе се применува од 00:01 часот на 23 јуни 2026 година. Со неа, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,61 проценти во однос на претходната одлука од 15 јуни.

Најголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ и екстра лесното масло за домаќинство, кои поевтинуваат за по 7 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС изнесува 80,50 денари за литар, додека екстра лесното масло ќе се продава по 79,50 денари за литар.

УШТЕ ЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ ВО ФФМ ДОБИ ПРИТВОР

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени уште четири лица кои беа недостапни во рамки на истрагата за наводните злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Од нив, две лица денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен е определена мерка притвор, додека за вториот се определени мерки за обезбедување на присуство.

ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОИ ИМИЊА ЌЕ БИДАТ СМЕНЕТИ ВО ВЛАДАТА

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат.

-Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а  во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики, потенцира Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Луѓето кои многу лесно ги задоволуваат потребите низ годините биле под 1 отсто, а оние кои многу тешко се справуваат со трошоците се над 20 или над 30 отсто од населението. Голем е јазот помеѓу оние кои се задоволни од својата благосостојба и оние кои не се. 

„Фине“ ДОО Скопје е фирмата која ги поседува и продава становите во комплексот „Космос“ во Скопје, поврзан со бизнисменот Фијат Цаноски. Комплексот се наоѓа во Ќерамидница, на адреса „Перо Наков“ бр. 94, покрај реката Вардар и во близина на Универзитетот ФОН, а според описот на проектот има 505 станови.

Две бугарски фирми станаа нови потенцијални инвеститори на Ски Кожуф Инвест, фирма која под ова име сега е сопственик на туристичкиот центар, додека се посилни се гласините дека ова место повторно ќе се отвора за туристите,

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести