Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Директорот на „Комунална хигиена“, Рустеми си поднесе оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Директорот на „Комунална хигиена“, Рустеми си поднесе оставка

ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми дал неотповиклива оставка од својата функција, вчера за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

„Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин“ изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Неговиот адвокат појасни дека оставката на Рустеми е дадена откако тој се советувал со неговите бранители.

ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ДУЕЛОТ МЕЃУ ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ И АМАР МЕЦИНОВИЌ

Синоќешната дебата помеѓу двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, предизвика голем интерес кај граѓаните и предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.

Текстови со поддршка за едниот или другиот се уште се објавуваат на социјалните мрежи.

Ви пренесуваме дел од истите.

МЕЏИТИ ВЕЛИ ДЕКА НАИ ЌЕ БИДЕ РАСПУШТЕНА

Изет Меџити, кој во првиот круг од локалните избори го победи Бујар Османи во Чаир, вечерва во гостување на ТВ 21 изјави дека Националната алијанса за интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека се очекуваат структурни промени на политичката сцена.

Меџити изјави дека во редовите на НАИ постоело очекување дека ќе го задржат мнозинството од гласачкото тело по заминувањето на Арбен Таравари од Вреди, но дека резултатите од изборите ги разубедиле. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Паднаа приходите на двете фирми „Герас Цунев“, кои се во стопроцентна сопственост на „Тотал Инженеринг“, фирмата на Вице Заев. 

Во општинските совети ќе седнат и луѓе кои претходно немале искуство како советници и тие мора да се информираат кои се нивните права и обврски и како да бидат активни во интерес на решавање на граѓанските проблеми.

Домашната компанија за крзно „Димко Митрев“ од Велес продолжува со успешните резултати. По растот кој го остварија во првите шест месеци од година и добивка која беше 16 отсто поголема отколку истиот период минатата година, нивната добивка значително се подобри заклучно со месец септември.

Согласно најновиот финансиски извештај на компанијата „Скопски Пазар АД Скопје“ периодот јануари – септември 2025 година, ова не е нивниот најдобар период. Иако постигнатите резултати не се најдобриот резултат сепак компанијата има позитивен финансиски резултат.

За првпат во историјата на локалните избори во Македонија во вториот круг за градоначалник на град Скопје ќе се натпреварува кандидат кој не доаѓа од СДСМ туку од трета политичка опција против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само по себе ги направи овие предвидливи избори многу поинтересни, што доведе и до првиот дуел меѓу Амар Мециновиќ и Орце Ѓорѓиевски.

Од Управата велат дека има загрозено психичко здравје, скоро да нема реченица која може да ја заврши без да се расплаче. Како и надвор во општеството, така и во затворот не се откажал да го работи тоа што цел живот го работи, професор е, држи настава на други затвореници, а дел од нив дури и ги описменува. 

Слично

Поврзани вести