ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА ОД ДКСК ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ВО ЈАВНОСТА
Осомничената претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, за прв пат се огласи во јавноста откако беше повикана на распит во Кривичен суд за случајот „Адитив“ пред десетина дена.
Таа е осомничена за оддавање службени тајни на осомничен од случајот „Адитив“ во корупциски скандал со јавна набавка на одмастувачи за 6 милиони евра за РЕК Битола, но Димитровска вели дека комуникацијата преку Viber и WhatsApp со уапсениот поранешен директор на ТЕЦ Неготино ја остварувала како со семеен пријател и дека комуницирале како пријатели.
ДО ПАНДОВ ПРЕТХОДНО СТИГНАЛЕ ГЛАСИНИ ДЕКА МУ СЕ СПРЕМА НЕШТО ЛОШО
Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
Тој вечерва во гостување на „Сител“ изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.
Изминатиот период до него доаѓале гласини за кои немал материјални докази, дека нешто лошо ќе му се случи, односно дека затвореници му подготвуваат нешто лошо.ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО 16-17 ЈУНИ
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до 16 -17 јуни, вели јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
Наведе дека таа ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена. Коцевски вели дека на овој сложен и тежок случај деноноќно работат 13 јавни обвинители и очекува дека со ваквиот интензитет на преземање дејствија, истрагата да биде завршена навремено.
Коцевски, во интервју за Алсат М, рече дека во моментов истрагата се води за кривично дело тешки дела против општата сигурност.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во земјава многу помлади и витални пензионерки чуваат постари луѓе, кои се изнемоштени и кои не можат самостојно да функционираат.
Банката во првите три месеци го држи своето пазарно учество во силната конкуренција на средни банки. Расте благо кредитирањето и нивото на депозити, а клучата разлика со зголемената добивка е резултат на снижената вредност на резервациите во споредба со истиот период лани
Ирена Мишева, која своевремено три пати беше избирана за претседателка на Советот на Град Скопје, е нов член на Надзорниот одбор на Мтел, телекомуникацискиот оператор во Македонија.
Берзата извести дека денеска поминала блок трансакција со акциите на „Макпетрол“, во која некој купувач за акции кои сочинуваат околу еден процент од капиталот на најголемиот нафтен дистрибутер во земјава платил сума од 1,55 милиони евра.
Бизнисот со приватните пошти станува се поисплатлив во земјава. Транспортот на пратки од Тему сега е најпопуларен, а се најавува доаѓање на уште помоќни платформи, како што е Шеин.
На четири странски инвеститори им биле одобрени високи суми на државна помош за инвестиции во земјата, за проекти надвор од технолошко-индустриските развојни зони во текот на минатата година.