Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитровска му ветила ручек на ревизорот кој полагал за безбедносен сертификат наместо неа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитровска му ветила ручек на ревизорот кој полагал за безбедносен сертификат наместо неа

ДИМИТРОВСКА ВЕТИЛА РУЧЕК НА ЧОВЕКОТ КОЈ НАМЕСТО НЕА ПОЛАГАЛ

Eкс претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, му пратила порака на ревизорот Миле Столевски кога тој ѝ го положил испитот за да добие сертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“. Ова го покажуваат пораките што во суд ги презентираше Обвинителството.Таа му напишала на Столевски – „Ај честито и злато си, честам ручек“.

Димитровска во судница рече дека не се чувствува виновна. Таа е обвинета за компјутерски фалсификат и одавање службена тајна. 

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА ПРАТЕНИК ДА ИМА САМО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага воведување услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.

Иницијативата, објавена од пратеникот Антонијо Милошоски, е поднесена по скратена постапка, а ја потпишуваат и пратениците Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска и Игор Здравковски.

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ДИЈАСПОРАТА ВО ВИЕНА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена се сретна со претставници на македонската дијаспора.

Како што објави на својот профил на Фејсбук, на средбата се разговарало отворено за предизвиците, но и за можностите за развој на државата.

Мицкоски ги повикал иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во економскиот развој, истакнувајќи дека Владата работи на создавање стабилна и предвидлива бизнис-клима.

„Нашите луѓе во дијаспората се нераскинлив дел од Македонија. Блиските односи со Австрија треба да ги претвориме во уште посилна економска соработка и нови инвестиции“, вели премиерот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најголем дел од невработените во Македонија живеат од платата или пензијата на друг член од семејството. Вака преживувале 62.683 невработени во земјава, според податоците од базата Макстат на Државниот завод за статистика(ДЗС) за 2024 година.

Бројот на вработени во Царинската управа во текот на минатата година се зголемил од 1.188 на крајот на 2024 до 1.266 на крајот на 2025. Ова е објавено, меѓудругото, во годишниот извештај за работењето на Царината.

Комисијата за хартии од вредност му даде согласност на Иван Ивановски од Кочани да стекне квалификувано учество во Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови „Иново Статус“ АД Скопје. 

СДСМ во единство ја прослави 35-годишнината од нејзиното формирање и активирање на политичката сцена во Македонија, во кои години има оставено траен белег врз државните и историските процеси, но тоа славеничко расположение прашање е колку долго ќе се одржи и дали лидерот Венко Филипче може да го врати идентитетот на социјалдемократите како државотворна партија, а не политички субјект кој е на работ на релеватноста.

Слично

Поврзани вести