ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите
ДИК ГО УТВРДИ РЕДОСЛЕДОТ НА КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ
Државната изборна комисија (ДИК) на седница на 12 април го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите.
Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 - Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 - Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 - Коалицијата Европски форнт, број 5 - Левица, број 6 - Коалицијата „Вреди“, број 7 - Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, број 8 - Единствена Македонија.
Понатаму, број 9 е Нова алтернатива, број 10 - Аваја, број 11 - Европско граѓанско движење, број 12 - Македонска ера трета/Македонски независни листи, број 13 - Твоја партија, број 14 - Родина Македонија, број 15 - Десна, број 16 - Демократи и број 17 - Работничка партија.
МНР ПОВИКА НАШИТЕ ГРАЃАНИ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО ИЗРАЕЛ, ИРАН, ЛИБАН И ПАЛЕСТИНСКИТЕ ТЕРИТОРИИ
Министерството за надворешни работи(MНР) упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.
Ова следи по информациите за можно влошување на безбедноста во Израел и во регионот.
„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса telaviv@mfa.gov.mk ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса globalsos@mfa.gov.mk )“, велат од МНР.
НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ И НОВАТА МЕТАЛНА КОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНАНадзорниците на изградбата на Универзална сала, објект којшто во вторникот пламна во пожар предизвикан од засега непознати причини, по денешниот брифинг со медиумите рекоа дека е можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција којашто како единствена „го преживеа“ инцидентот.
- Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
