Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дијабетичарите протестираа, конечно потпишана одлука за набавка на сензори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дијабетичарите протестираа, конечно потпишана одлука за набавка на сензори

ЛИЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС ПРОТЕСТИРАА

Мирен предупредувачки протест за безбеден и мирен живот на лицата со дијабет се одржа попладнево во Скопје. 

Министерството за здравство има целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложува актуелните предизвици да бидат надминати.

Ова го истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити за време на работната средба со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Министерот денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и бремени жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

ВЛАДАТА КРАТЕЛА ПАРИ ОД ПРАВОСУДСТВОТО

Владата кратела пари од правосудството, а за себе си зела два и пол пати повеќе.

Владата ги скратила парите кои законски им следуваат на судовите и обвинителствата. Ова го регистрирале државните ревизори анализирајќи го буџетот за ланската година. Судската власт добила околу 40 милиони евра, но тоа е дури 63 отсто помалку од законски предвидениот лимит, а не постои никаков документ за причините зошто е тоа направено. Ревизорите констатирале дека на овој начин се создава ризик од непречено стабилно и долгорочно финансирање на судската власт. 

Обвинителството  добило само нешто повеќе од 10 милиони евра, што е половина од тоа што им следува. 

НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ

Невремето направи пустош на Истра. Штети има од Умаг до Пула, а најмногу настрада Новиград.

Ветрот откорна десетици дрвја во тамошниот камп на автопат Сирена. Нема повредени. Дрвја паднале врз возила, приколки и кампери. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Лекари, пожарникари, Црвен крст, сите на готовс. Екстремно високите температури го запалија Скопје.

До кој степен е потонато македонското здравство? По долгогодишните маки на пациентите со реткото заболување цистична фиброза за набавка на современата модуларна терапија трикафта, сега со сериозен проблем се соочуваат и пациентите со дијабетес Тип 1, а станува збор претежно за деца, тинејџери и адолесценти. За околу 700 пациенти со ова хронично заболување, нема пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери, сè она што е потребно за третирање на болеста и она што може да им го олесни животот во голема мера.

Најголемиот европски производител за литиум - јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна ги реализира најавите за инвестирање во Македонија со регистрирање на своја компанија во Скопје.

Државата продолжува да се задолжува на домашниот пазар, сега преку државни обврзници, но тоа и не е најголемиот проблем, туку фактот што драматично расте каматата по која домашните банки и фондови му ги позајмуваат своите пари на Министерството за финансии.


Слично

Поврзани вести