Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Девет милиони евра се трошеле за изградба на еден километар за автопатот Кичево-Охрид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Девет милиони евра се трошеле за изградба на еден километар за автопатот Кичево-Охрид

РЕВИЗОРИТЕ СО ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД

Долгата изградба на автопатот Кичево - Охрид ја потврдија и ревизорите. Тие наведуваат дека и по една деценија завршени се само 40 отсто од трасата.

Констатирале дека досега еден километар чини рекордни 9 милиони евра, а поради низата пропусти од самиот старт проектот е издвоен како најпроблематичен чија цена скокнала за 45 отсто од првично планираната. Станува збор за дополнителни 187 милиони евра и најчесто за него се продолжувал и рокот на изградба.

АЛИУ ВЕЛИ ДЕКА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ДА СЕ РАСЦЕПКА

Во Куманово во тек е состанокот на членови на Централното Собрание на Алијанса на Албанците кои се приврзаници на лидерот на партијата Арбен Таравари.

Пред состанокот, изјава за медиумите даде министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу кој рече дека не постои раскол во Алијанса на Албанците.

„Овие луѓе коишто се тука. Ова е Алијансата. Има дел од партијата коишто се ДУИ-сти“, вели Алиу. 

ПАВЛОВСКА ДАНЕВА СТАНА УСТАВЕН СУДИЈА

Професорката Ана Павловска-Данева од Правниот факултет во Скопје е избрана за Уставен судија на денешната собраниска седница со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот. 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство затоа што, не спорејќи ја нејзината стручност и дека е истакнат правник, сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер. Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта. 

ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ

По вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.

– Од службите сега ме известија дека сѐ е процесуирано и оттука ќе одам да го потпишам и ќе го пратиме до вакциналните пунктови веднаш да стапи во сила, рече Меџити на денешниот брифинг со новинарите.

Според него препораката на Комисијата за заразни болести да се забрани приемот и престојот на децата кои не се вакцинирани со ДиТеПер, треба да се сфати во позитивен контекст.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија во моментов има 18 случаи заразени со пертусис или голема кашлица, од кои 14 се во Скопје. Двете пациентчиња кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести ја примаат потребната терапија веднаш по дијагностицирањето на болеста и се во добра состојба.

Законите и договорите со „стратешките инвеститори“, кои веќе се пред пратениците, ја разбрануваа македонската јавноста. За едни треба да ја подобри нашата енергетска стабилност, но за други, напротив не бутка во енергетска зависност, која ќе резултира со уште повисоки цени на струјата.

Билингвални или без познавање на странски јазик, агенциите почнаа да регрутираат сезонци за ова лето за работа во Грција, Хрватска, Словенија.

Пет компании се пријавиле на меѓународниот повик за изградба на македонскиот дел од гасоводот преку границата со Грција. Тендерот беше објавен на 24 ноември лани, а крајниот рок за пријавување заврши на 1 февруари годинава.

Три банки, еден фармацевт и еден нафташ. Тие се топ пет компаниите чии акции доминантно се тргуваат на Берзата и во кои инвеститорите сакаат да ги вложуваат своите слободни средства. Така отприлика беше и минатата година, е така е еве и во првиот месец од годинава, јануари.

Слично

Поврзани вести