Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ДЕТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОЧИНАЛО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

На детската клиника има уште еден смртен случај. Деветгодишно дете починало пред два дена, откако во тешка состојба било донесено од штипската Клиничка болница.

Во Клиничката болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

– Детето  е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

ИЛИРЕ ДАУТИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица за Претседателката на Комисија за социјална политика, демографија и млади е успешна. По изгласаната интерпелација и јавен притисок поттикнат од Левица, Илире Дaути си даде оставка и повеќе не е Претседателот на оваа комисија. Воедно, Левица го поздравува потегот на пратеничката Даути, која демонстрира политичка одговорност и се надеваме дека овој пример конечно ќе ја подигне демократската култура во општеството.

Пратеничката група на Левица има дијаметрално спротивни ставови и гледишта по повеќе работи со Илире Даути, но и покрај тоа, го поздравува и ѝ честита за овој потег, затоа што со ова, конечно покажа интегритет.

ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за убивање и мачење на кучето Феликс во Момин Поток по претходна кривична пријава.

„Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија има сериозен проблем со високото загадување на воздухот, но проблем има и со сметот, со големиот број на диви депонии, од кои дел се лоцирани крај обработливо земјиште и сето тоа влијае и на квалитетот на храната. 

Вонредна состојба, па ќе има и вонредно акционерско Собрание, а за него сите нови доминантни и моќни акционери имаат свои предлози за членови во раководните тела.

„Скопски легури“, производителот на фероникел, кој не работи 13 години, во комплексот „Рудници и Железарница“ во Гази Баба прави нов обид да го рестартира производството. Паралелно со старото име „Скопски легури во стечај“, формирана е нова компанија „Скопскилегури Аллојс“ со главнина од 22 милиони евра. Директорот е ист - Украинецот Денис Корнијенко, а сопствениците се од Обединетото Кралство.

Трајче Заев му ги продаде сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев, кој, пак, како што е познато, е брат на поранешниот премиер Зоран Заев. На овој начин Вице Заев, односно неговата компамнија ДГИ „Тотал“ од Струмица, станува речиси целосен сопственик и на „Герац Цунев Конфекција“ и на „Герас Цунев Трговија“.


Слично

Поврзани вести