Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПРИМИЈА ПРП ТЕРАПИЈА БЕЗ ДА ОДАТ ВО СКОПЈЕ

Во Општата болница во Кочани е воведена ПРП терапија (терапија со плазма збогатена со тромбоцити), која се примени кај 10 пациенти повредени во пожарот во март. Медицинската интервенција ја изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Ова го соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

„Ова е огромен чекор напред за здравствениот систем во регионот. ПРП терапијата од сега ќе може да се примени и во Кочани, без потреба пациентите да патуваат до Скопје“, соопшти Клековски.

ТУФЕГЏИЌ БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТАТКОТО НА ВАЊА

Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете, порача во завршен збор бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, и побара Судот да го ослободи од обвинение.

Според одбраната, клучната теза и теорија на случај на застапникот на обвинението не е докажана, а тоа е мотивот, да се дадат парични средства на обвинетите за откуп на детето, ниту пак е изведен доказ во насока на дејствија на таткото за давање откуп или со кои се докажува негова комуникација и поврзаност со Љупчо Палевски.

Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела.

ВЕНКО КРСТЕВСКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРОТИВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството.

ТРАМП НЕ ОДГОВОРИ ПРЕЦИЗНО ДАЛИ САД БИ ГО НАПАДНАЛЕ ИРАН

Можеби ќе го нападнам Иран, можеби и не, вели американскиот претседател Доналд Трамп. 

„Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема“, им рече тој на новинарите. 

Додаде дека Иран има многу проблеми и сака да преговара. 

„И им реков: Зошто не преговаравте со мене пред сите овие уништувања? Зошто не дојдовте? Им кажав на луѓето, зошто не преговаравте со мене пред две недели?“, кажа американскиот претседател. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Аптекарскиот бизнис во Македонија го карактеризираат два клучни белези. Првиот е дека има големи приходи, но изразито ниски профити и тоа укажува на хуманоста односно филантропијата на сопствениците на најголемите аптекарски ланци. Поточно на сопственичките. 

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ги гради автопатите од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д, ги дели највисоките плати меѓу големите работодавачи во земјата, а најверојатно тоа е причината што во изминатиот период успеал да регрутира уште 500-тини нови работници во Македонија.

Од повеќе туристички агенции ни потврдија дека според нивното искуство, се намалува бројот на луѓето кои одат на одмор во Грција и носат храна купена од Македонија, со цел да заштедат. 

Слично

Поврзани вести