Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демолиран клубот Цар Борис Трети, бугарското МНР го осуди инцидентот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демолиран клубот Цар Борис Трети, бугарското МНР го осуди инцидентот

ДЕМОЛИРАН БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО ОХРИД

На официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук денеска има најнови фотографии од демолираниот објект.

Инцидентот, како што наведува Трибуна.мк, се случил во 2 часот по полноќ.

Искршени се искршени стаклата на влезот на просториите и во објавата е наведено:

„Маскирани патриоти“ чии лица се видливи ги нападнаа уште еднаш Бугарите и бугарските клубови. До кога ќе молчиме?

БУГАРСКОТО МНР ГО ОСУДИ ИНЦИДЕНТОТ

Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид кое се случило ноќеска. 

„Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ)“, соопштија од МНР на Бугарија.

Додаваат дека имињата на бугарските клубови не се причина за таа кампања и потенцираат дека „лидерот на најголемата опозициска партија во Скопје веќе отворено повикува на итно затворање на бугарските клубови само затоа што се бугарски, без разлика како се нарекуваат”.

АМБАСАДОРИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ЗА ПАСОШОТ НА ОНИШЧЕНКО

Советот на амбасадори денеска преку соопштение изрази, како што се посочува, „изненаденост и загриженост што одреден вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност“, како што овие денови објавуваат медиумите од реакциите на дипломатските претставништва акредитирани во земјата, доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ.

Советот, се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, државјанин на Украина кој се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, а за кого била објавена потерница од Украина, земја која ја ужива нашата воена и друга поддршка за ослободување, поради криминални, финансиски и други противзаконски дејствија. Овој вид небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Колкав е прагот на толеранција на надлежните претставници на Владата за раководството на државната компанија за производство на струја? Дали вчера го поставија „црниот рекорд“ на не-производство? Верувале или не, вчера ЕСМ „успеа“ да ангажира дури 22% од целиот инсталиран капацитет на термоелектраните (РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј) ... Дали Васко Ковачевски го допре дното?

Граѓаните од внатрешноста на земајва, кои пристигнуваат во главниот град за посета на Клиничкиот центар се соочуваат со претерано „напумпан“ трошок за јавен превоз. Соочени со потребата, најчесто од транспортниот центар да стигнат до Клиничкиот центар за прегледи многумина го користат јавниот превоз, но за нашиот медиум посочуваат оти трошоците се многу поголеми отколку што планирале.

Офшор зоните на Кина ќе станат главен двигател на енергетскиот раст во земјата во годините што доаѓаат, особено во секторот за нафта и гас, чиј прираст ќе дојде најмногу од офшор ресурси во Кина, велат аналитичарите.

Силна, модерна и просперитетна банка, која на сите свои клиенти се повеќе им докажува дека станува збор за стабилен и доверлив партнер. УНИБанка неодамна ја издаде и својата втора перпетуална обврзница, со што обезбеди дополнителен капитал и зголемена сигурност за постигнување на стратешките цели.

Слично

Поврзани вести