ФАКТОР НА ДЕНОТ: Делта сојот доминира во Македонија, за Тетово се бара три недели он лајн настава
ДЕЛТА СОЈОТ ДОМИНИРА ВО ЗЕМЈАВА
Според последната направена анализа, како што денеска соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, дури две третини од позитивните граѓаните во државата се заразени со делта варијантата.
-Последната анализа беше дека две третини од сите случаи, од направениот скрининг, се препишуваат на делта сојот. Следната недела треба да излезе новата анализа која ја прави Институтот за јавно здравје и лабараторијата на МАНУ. Тоа што е битно е без разлика дали пациентите се заразени со едниот или другиот сој правилата за вакцинација остануваат исти, истакна министерот Филипче.ТЕУТА АРИФИ БАРА ТРИ НЕДЕЛИ ОН ЛАЈН НАСТАВА ВО ТЕТОВО
Градоначалничка Теута Арифи бара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Барањето следува по неколкудневниот раст на бројот на заболени во градот, а веќе е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува утре. Барањето се однесува за сите нивоа, од основно образование до универзитетската настава.
„Претставници од Клиничка болница велат дека освен што има болни од Ковид лица над 18 години исто така веќе има и точки низ регионот каде што има и заболени деца. Така ние веќе го имаме пикот и сметаме дека во овие три недели децата треба да бидат надвор од тие движења и да стопираме можни инфекции. После три недели да се вратат со физичко присуство. Бараме и другите оштини да не поддржат, бројките зборуваат дека тука сме сите, изјави Теута Арифи по денешната средба на општинскиот кризен штаб.
Рече дека тие што не се вакцинирани во училиштата ќе им се бара секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат.ЗА 24 ЧАСА ИМА 27 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 5.982 тестирањe, а регистрирани се 1.082 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 406, Куманово – 93, Тетово – 87, Гостивар – 72, Струмица – 70, Кичево – 57, Прилеп и Велес – по 32, Кавадарци, Охрид и Струга – по 24, Битола – 23, Штип – 21, Радовиш – 18, Ресен – 15, Кочани – 14, Гевгелија и Делчево – по 9, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 7, Дебар – 6, Македонски Брод – 5, Неготино и Кратово – по 4, Валандово – 3, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Богданци,Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 492 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Тетово – 89, Гостивар – 85, Куманово – 38, Струмица – 30, Кичево – 25, Берово – 15, Штип и Кочани – по 10, Битола – 9. Радовиш – 7, Прилеп – 6, Валандово – 5, Кавадарци и Дебар – по 4, Делчево – 3, Охрид, Ресен, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Велес, Гевгелија, Свети Николе, Кратово и Пехчево – по 1.
ИЗРАБОТЕНИ СЕ 13.000 ЛИЧНИ КАРТИ
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска информираше дека 13.000 нови лични карти до сега се обновени од страна на службите по претходен истечен рок.
- Досега работата тече нормално, испечатени се повеќе од 13.000 лична карти. Најмногу уште две недели ќе трае печатењето на заостанатите кои чекаа одобрување. Ние сме во постојан ангажман на вработените во одделот за проиизводство за да може истовремено да се онбовуваат старите лични карти и да се работи на новите барања, рече Спасовски.ДИЈАСПОРАТА ПОБРЗО ЌЕ ВАДИ ЛИЧНИ КАРТИ
Министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи објавија почеток на работатата на инсталирани 15 мобилни и фиксни базни станици во дипломатско-конзуларните преставништваза дијаспората побргу да вади лични документи.
Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, отсуството на базните станици од ДКП-та беше голем проблем за граѓаните. Проектот со овие терминали ќе чини 150.000 евра, но според шефот на македонската дипломатија, инвестицијата ќе се исплати, бидејќи нема да се плаќаат дневници за мобилните екипи кои од Македонија се испраќаат четири пати годишно да ги приберат податоците од странство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
