Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дел од градоначалниците си седнаа во фотелјите, а Заев и Мицкоски упатија порака до гласачите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дел од градоначалниците си седнаа во фотелјите, а Заев и Мицкоски упатија порака до гласачите

ДЕЛ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ЈА ПОЧНАА РАБОТАТА ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ СЕ ИЗБРАНИ

Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општина Бутел, денеска го доби уверението на Општинската изборна комисија и седна во градоначалничката фотелја на местото на Велимир Смилевски, кој ја предаде функцијата.

Костовски истакна дека од денес е во служба на граѓаните и дека сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел. Истовремено уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО ДПМНЕ.

Борис Георгиевски од СДСМ денеска му ја предаде функцијата на новиот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој веќе еднаш порано ја водеше оваа општина.

ЗАЕВ СО ПОЛИТИЧКА ПОРАКА ДО ОНИЕ КОИ НЕ ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ

Седењето дома и неизлегувањето на гласање, премиерот Зоран Заев го смета за поддршка на нивниот опонент.

Тој ова го изјави во вестите на Сител.  Заев рече дека тие не се победени од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, ниту во Скопје ниту во другите општини. Објаснува дека и ВМРО-ДПМНЕ има помалку гласови од оние кои претходно ги имале.  Заев вели дека од повеќе причини луѓето останале дома. 

„Еден дел од слободоумни граѓани или до крај нецелосно упатени со политиката викаат „абе добро ќе има втор круг, во вториот круг ќе излезам“, еден дел си адресираа сериозна казна, ни дадоа жолт картон комплетен заради незадоволство од одредени афектирања на политиките и сето тоа е причина зошто граѓаните останаа дома“, рече Заев. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА БРКА АДМИНИСТРАТИВЦИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека администрацијата не треба да се плаши за своите работни места, и дека треба да излезат на избори и слободно да гласаат. 

Вели дека врз нив се засилуваат притисоците како што наближуваат изборите. 

„Овие денови ми доаѓаат информации од повеќе општини и градови како локалните функционери на СДСМ се закануваат до вработените во администрацијата, создавајќи страв дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа. Ние не сме Зоран Заев, живи луѓе не јадеме“, рече Мицкоски.

ДЕНЕС ИМА 135 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 330 оздравени пациент од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11  починати лица:  по  2 починати лица од Скопје (67г и 79г),  Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и  Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дури ни во самиот Изборен штаб на социјалдемократите не им се веруваше кога пред четири години ја слушнаа веста дека освоиле дури 37 градоначалнички места уште во првиот круг од локалните избори, плус Градот Скопје, на чие чело застана Петре Шилегов.

Трите комисии кои произлегоа од Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство месечно не чинат нешто повеќе од 20.000 евра, покажуваат исплатите кои одат преку Министерството за надворешни работи на алатката за пребарување „Отворени финансии“.

Цената на електричната енергија на скоро сите европски берзи за електрична енергија постигна „Холивудско“ ниво, вели во разговор за Фактор, Златко Черепналкоски, од Енерџи деливери солушнс (ЕДС), компанија која претходно ја поседуваше екс вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега е во сопственост на грчки ППЦ.

Компанијата „Тетекс“ ги објави преку Берзата финансиските резултати остварени во првите три квартали од годинава. 

Слично

Поврзани вести