Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставниот суд

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставниот суд

ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ Е НОВИОТ  ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВЕН СУД

По три дена неуспешни обиди, уставните судии избраа нов претседател. Дарко Костовски од денеска(4 јуни) е на чело на Уставниот суд откако добил двотретинско мнозинство (6 гласа) од вкупно деветмината уставни судии.

Мандатот на претходната претседателка, судијката Добрила Кацарска, истече на 2 јуни.

Обидите да се избере нејзин наследник започнаа на 30 мај и имаше вкупно осум круга на гласање. Првично, кандидатки беа Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павлова-Данева.

Вчера, од трката прво се откажа Павлова-Данева, а Васиќ-Бозаџиева и како единствена кандидатка не успеа да собере вкупно шест гласа.

ЛОГА ИСПРАТИ ПИСМО ДО МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР

Министерот за правда Кренар Лога испрати писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје,Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје , до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории-Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.
„Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо. 

29 ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ЗЕМААТ АПАНАЖА

Новоформираната собраниска Комисијата за избори и именувања на денешната седница одобри 29 апанажи за пратеници од минатиот парламентарен состав.

Безмалку сите ќе траат една година. За овој период доскорешните народни избраници ќе ја добиваат истата пратеничка плата додека не се снајдат што понатаму ќе работат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Секоја организација во земјава има различно искуство во однос на волонтирањето. Кај некои бројката на волонтери е солидна, а другите имаат потешкотии да најдат волонтери.

„Пласет - Донер и Бургер“ и „Сендвичара - 7“ од Скопје се најголемите и најуспешните фаст фуд индустрии во Македонија по остварена добивка за минатата година. Двата „производители“ на хамбургери стануваат ривали во конкуренцијата, бидејќи минатата година имале идентичен профит.

Не стивнува интересот за купување акции на „Македонијатурист“, една од најуспешните хотелиерски компании во земјава.

Годината тргна добро, но државното акционерско друштво, сепак, не успеа да ја заврши во зоната на позитивата.

Ова е навистина одлична дивиденда. И не само тоа, туку таа е веќе исплатена на акционерите, и од пред неколку дена, средствата се на нивните сметки. 

Акциите на Комерцијална банка „растуриле“ на Берзата во текот на вчерашниот ден. Покрај тоа што се меѓу најтргуваните на редовниот пазар, „фрчат“ и блок трансакции со акциите на оваа банка.

Слично

Поврзани вести