ФАКТОР НА ДЕНОТ: Данела доби 24 часовно полициско обезбедување, а напаѓачот оди во куќен притвор
ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ 24 ЧАСОВНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Министерството за внатрешни работи(МВР) ја информира јавноста дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.
МВР останува посветено на својата основна мисија да обезбеди сигурност и заштита за сите граѓани на Македонија, без оглед на нивниот општествен или институционален статус. Министерството постапува согласно своите законски надлежности, темелно и професионално, во секој поединечен случај.НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР
„Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени“, велат од ОЈО.
НА ДРЖАВЕН ТРОШОК ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВАТ 6 ИН ВИТРА
На државен трошок отсега ќе може да се направат шест ин витро оплодувања, наместо три како што беше досега. Ова денеска го најави директорот за Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски. Се работи за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули беа донесени во Собранието.
„Првата измена е дека Биопотмогнатото оплодување (БПО), или популарно наречено ин витро, станува составен дел од основниот пакет за здравствена заштита. Се зголемува бројот на обиди на шест од постоечките три. Третата измена е дека се ослободуваат од партиципација за ин витро третмани, повторувам, овие третмани се бесплатни. Направени се и неколку измени во Фондот, го скративме периодот на чекање за одобрување на документи од три месеци на две недели.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА БУГАРИЈА ВРШИ ПРИТИСОК НА МАКЕДОНИЈА КАКО РУСИЈА НА УКРАИНА
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Бугарија врши притисок врз Македонија како Русија врз Украина.
Според него, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.
