Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дамева се врати на чело на Судскиот совет

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дамева се врати на чело на Судскиот совет

ДАМЕВА СЕ ВРАТИ НА ЧЕЛО НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Пресудата на Управниот суд е првиот чекор напред, којшто влева надеж дека правдата е достижна, вели Весна Дамева, која од денеска повторно се врати на чело на Судскиот совет. 

„Во 2023 година имаше непријатна состојба во Судскиот совет и јас се надевам дека 2024 година ќе биде година во која што сите членови на Судскиот совет поединечно и во состав на Судскиот совет ќе најдат начин да ја санираат таа состојба, односно да покажат дека можат да се движат по оној трасиран пат на Советот, исполнувајќи ги основните заложби“, изјави Дамева.

Според неа, ако целта на критиката е во насока на подобрување на одредени состојби и надминување на одредени слабости, таа критика мора и треба да биде прифатена.

ТАСЕВСКИ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА

Александар Тасевски, синдикалецот на М-НАВ, е повикан од полицијата, затоа што e пријавен дека се заканувал преку мејл кон раководството на Контролата на летови.

Тасевски за „Сител“ дал изјава дека не се заканувал, туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања.

НАЌЕ ЧУЛЕВ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ИСТРАЖАТ ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Веднаш по формирањето на техничката Влада, во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија во врска со истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и ќе се поднесат соодветни дисциплински постапки ако се утврди дека се направиле клучни пропусти во истрагата, најави Наќе Чулев во интервју за порталот Курир.мк.

„Веднаш по формирањето на техничката Влада, во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија и во двата кривично правни случаи. Врз основа на тоа што ќе биде утврдено во рамки на внатрешната ревизија, против сите оние кои направиле клучни пропусти во истрагата со несовесно, непрофесионално и нестручно постапување, ќе се покренат соодветни дисциплински постапки, а истовремено и ќе се информира и ОЈО за ГОКК за новите информации и елементи од истрагата. Доколку има елементи ќе се поднесат и соодветни кривични пријави до ОЈО за ГОКК.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во период од три години бројот на активни деловни субјекти во земјава се намалил за скоро шест илјади компании или точно 5.490 фирми. Ова го покажуваат податоците објавени во анализата на Државниот завод за статистика насловена „Регионите во Македонија“.

Градежната компанија „Бауер БГ“ предновогодишно си инкасираше солидни два милиони евра државни пари, или попрецизно кажано од владината Служба за општи и заеднички работи.

Од почетокот на оваа година за прв пат во историјата започнува либерализацијата на македонските железници, а за тоа од операторите кои ќе ги користат македонските пруги за транспорт на стока и суровини во 2024, како за старт, ќе бидат наплатени 1,6 милиони евра.

Непосредно после Новогодишните празници, дошло до промени во раководниот врв на скопската градежна компанија „Фабрика Карпош“. 

„Макстил“ во период од три години, целосно раздолжи над 27 милиони евра кај најголемиот доверител кој воедно е и мнозински акционер во скопската челичарница.

Креативност, комуникација, емоционална интелигенција, мотивација, иновативност, менаџирање со време, работа во групи се дел од меките вештини кои се многу важни за напредок во кариерата.

Слично

Поврзани вести