Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Да се укине негативниот ПЦР тест за излез од државата, а трудниците да се вратат на работа, бара Комисијата за заразни болести

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Да се укине негативниот ПЦР тест за излез од државата, а трудниците да се вратат на работа, бара Комисијата за заразни болести

KOMИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗЕНИ БОЛЕСТИ ИМА НОВИ ПРЕПОРАКИ

Комисијата за зарасни болести на редовната прес-конференција ја соопшти актуелната епидемиолошка состојба во Македонија, а портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ посочи и кои мерки ги препорачале до министерот Беким Сали, мерки кои потоа ќе се најдат и пред владиниот Кризен шатб.

Првата препорачана мерка од страна на членовите на Комисијата за заразни болести се однесува на укинување на задолжителното прикажување негативен ПЦР тест, како и сертификат за прележаност и вакцинација при излез од земјата.

-Сепак ова не значи дека граѓаните не треба да поседуваат вакви документи доколку патуваат во земја каде што се уште важат овие мерки. Оваа мерка би важела само при излез од нашата земја, нема да го бараат нашите службени лица, истакна д-р Мехмедовиќ.

Втората мерка се однесува на бремените жени, односно Комисијата, како што рече тој, препорачала да се укине ослободувањето од работа за бремените жени.

ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ НА ТРГОВЦИТЕ СЕ ЗАМРЗНУВААТ

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата на денешната седница донела одлука од 1 март до 31 мај да ги замрзне профитните маржи на основните продукти кај трговците и тоа за 5 отсто кај оние на големо и 10 отсто кај тие на мало. 

Основните производи се леб, шеќер, сол, брашно Тип 400, сончогледово масло, трајно млеко, свежо месо и сувомеснати производи, сирење, урдата, ориз, јајца, тестенини и пченица.

Како нови продукти чии цени до сега не беа замрзнати се овошјето и зеленчукот, како и суровото сончогледово масло. Иако претходно најавите беа дека оваа мерка ќе важи само за странските производи, според она што го објави министерот, сепак ќе се однесува на сите продажни цени.

НАД 800 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД И 22 ПОЧИНАТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.506 тестови, а регистрирани се 848 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино – по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен – по 10, Дебар – 9, Охрид, Крива Паланка и Валандово – по 6, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.

СВЕТОТ БУДНО СЛЕДИ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО УКРАИНА

По потпишувањето на указот од рускиот претседател Владимир Путин, освен Русија, самопрогласените републики Доњецк и Луганск на границата на Украина ги признаа и Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Јемен, Јужна Осетија и Абхазија.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, е еден од првите светски лидери што го поддржаа ставот на Русија за признавање независноста на двата региони под контрола на проруските сили.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Има поскапувања во Грција, земја каде сезоната ќе почне на 1 март, како што најавија тамошните власти, но граѓаните веќе се интересираат за аранжмани кај јужниот сосед.

Граѓаните им должат на банките на минусни салда на своите трансакциски сметки над 104 милиони евра. Сумата е за над 8 проценти поголема споредена со претходниот месец, односно со декември лани и е најголемата месечна промена ако се споредуваат сите видови заеми односно кредити кои ги даваат банките. 

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Министерството за здравство последните фактури што ги платиле во февруари за снабдување со природен гас се неколкукратно повисоки во однос на вообичаените пред настапувањето на енергетската криза.

Слично

Поврзани вести