ФАКТОР НА ДЕНОТ: Црквата протестираше против Законот за родова еднаквост, велат ќе ги бранат најмладите од новите идеологии
ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАКОНИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И МАТИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА
На протестот кој попладнево се одржува пред Соборниот храм во Скопје, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан изјави дека ќе ги бранат децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии.
Вели дека се собрани за достоинствено да го покажат своето прегрнување на сиот свет, како божјо творение.
„Црквата не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Па самиот нејзин живот е непрестаен бунт, но не бунт против човек, туку против злото, против гревот и против смртта во кои за жал пред нашите очи запаѓа светот. Единствена цел на црквата е да го љуби и преобразува овој свет“, рече поглаварот.Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род.
„Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии“, рече таа.
Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан вечерва од протестот пред Соборниот храм изјави дека во училиштата се делат листови со кои се промовираат хомосексуални бракови.ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ РОД И ПОЛ СЕ РАЗЛИЧНИ
Министероката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска пред најавениот попладневен протест на МПЦ-ОА против законските измени за родова еднаквост, како и тој за матична евиденција, по брифингот со медиумите изјави дека ќе продолжи понатамошната дебата, но дека како што рече таа, за државата и натаму полот и родот се две различни нешта.
АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ КОН ЕУ БЕЗ МАКЕДОНИЈА?
Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Северна Македонија, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Рече дека двете држави може да бидат одвоени на патот кон ЕУ.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
