Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Човекот кој се закануваше на протест се извини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Човекот кој се закануваше на протест се извини

ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ПРОТЕСТ СЕ ИЗВИНИ

Рафет Мемишовски, човекот што се закануваше со убиства на протестите се извини за заканите преку видео на социјалните мрежи. Кажа дека бил изнервиран бидејќи полицијата го земала возилото на братучед му оти немал положено.

„Направив грешка, ова нема да се повтори уште еднаш“, рече човекот. 

На патот Ресен - Битола, група Роми протестираа откако полицијата им ги земала возилата затоа што немале возачка. Тие тврдеа дека се неписмени и дека затоа не положиле возачки испит. 

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.

ОЈО ИСТРАЖУВА ДАЛИ НА ПРОТЕСТОТ ИМАЛО ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО

Јавното обвинителство, во тесна соработка со полицијата, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред.

Фокусот на истрагата е ставен на евентуално прекршување на два конкретни членови од Кривичниот законик.

ПОЖАРНИКАР СВЕДОЧЕШЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по дојавата имало многу заглавени лица и само малку чад како излегува од над влезната врата, и не можеле да го видат огнот, по што согласно процедура започнале да ги извлекуваат, нагласувајќи дека работеле во мешани тимови од пожарникари, полицајци, обезбедување и цивили, бидејќи секој сам ништо не можел да направи, а за извлекување на едно лице биле потребни најмалку двајца или тројца, пренесува од судењето МИА.

Паунов кој бил дежурен таа вечер, изјави пред судот дека дојава за пожарот примиле во 2:35 часот, по што за пет минути биле на местото на настанот како прво возило со колегата Дејан Георгиев, и почнале со извлекување на заглавените лица во дискотеката. Потоа како второ возило пристигнал и сменскиот командир и уште еден колега, а по нив и останатите колеги со уште две возила.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пратениците од редовите на опозициската партија Левица бараат измени на Законот за работни односи, во делот кој се однесува на заштита на бремените жени.

Компанија посредно оснoвана од унгарскиот МОЛ сака да гради моќна гасна централа во Македoнија со која ќе произведува големо количество на електрична енергија. Во прифатениот план за изградба на енергетски објекти во 2026 меѓу сите фотоцентрали и ветерни паркови, чиј почеток на инвестициска реализација е најавен кај македонските власти, има и една когенеративна централа со капацитет од огромни 495 мегавати.

Дел од македонските граѓани купуваат имоти на море, најчесто во Грција и во Албанија. Од агенциите за недвижности велат дека овие две дестинации се најпогодни за луѓето кои сакаат да вложат во имот на море. 

Генералот Стојанче Ангелов, актуелен директор на ДЗС, во ланските пожари кои беа подменатни на скопските депонии предупреди дека проблемот не може да го реши со полициска интервенција и апсење на луѓето кои таму живеаат и функционираат на диво, бидејќи сите невладини организации и борци за човекови права ќе скокнат во нивна одбрана.

Слично

Поврзани вести