Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Членството на Мерко во ДУИ е „замрзнато“, обвинителството го гони за најмалку шест предмети

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Членството на Мерко во ДУИ е „замрзнато“, обвинителството го гони за најмалку шест предмети

ЧЛЕНСТВОТО НА МЕРКО ВО ДУИ Е „ЗАМРЗНАТО“

Функционерот на ДУИ, Бујар Османи, денеска ги повика институциите веднаш да зпаочнат истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој пред два дена се најде на „црната листа“ на САД.

- Институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за господинот Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации кои излегуваат од одлуката на Стејт Департментот, рече денеска Османи пред медиумите.

Тој претходно рече дека ова не е негов личен став , туку заклучок на ДУИ. Османи пред јавноста откри дека Мерко сам побарал неговото членство во партиските органи на „Интегративците“ да биде замрзнато, по што од владеачката партија тоа го прифатиле.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ГОНИ МЕРКО ЗА НАЈМАЛКУ ШЕСТ ПРЕДМЕТИ

Новинарите го прашаа обвинителството какви постапки досега се воделе или се водат против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за кој требаше Американците, односно Стејт Демартментот, да ни кажат колку е спорен како личност, бидејќи го ставија на нивната црна листа заедно со неговоtо семејство, токму поради наводи за корупција. 

Еве ги одговорите на Обвинителствопто, од кои оние што не ги следеле со внимание предметите, не би можеле да добијат многу појасна слика. 

Согласно евиденцијата на Јавното обвинителство, против лицето кое го наведувате активни се следните предмети:​

1. КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и презема дејствија за проверка на наводите. 

АЛБАНСКАТА КОМПАНИЈА ПЕ-ВЛА-КУ Ш.П.К ПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ

Пе-Вла-Ку Ш.П.К, водечки деловен субјект со седиште во Албанија, со возбуда објавува дека стекнува 90 отсто од акциите во Соравија Инвест ДООЕЛ и 100 отсто од Соравија Менаџмент ДООЕЛ. Оваa монументална набавка е во стратешко партнерство со Тор индустри ДООЕЛ, доверлив и успешен деловен субјект од Северна Македонија.

Од компанијата нагласуваат дека големаta аквизиција претставува значајна пресвртница во тековното проширување на Пе-Вла-Ку Ш.П.К и го означува почетокот на новото поглавје во историјата на компанијата. Ја нагласува посветеноста на Пе-Вла-Ку Ш.П.К да го прошири своeто влијание надвор од Албанија, додека останува посветен на иновациите и растот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија има помалку од 100 извршители кои се овластени од државата да наплатат судски пресуди и други извршни исправи. Меѓу нив има 17 извршители кои лани приходувале најмалку 200.000 евра. Дури пет од нив имале профити поголеми од 120.000 евра

Неколку компании вчера објавија известувања до акционерите дека исплатата на дивидендата почнува, и тие треба да ги достават или да ги ажурираат податоците за трансакциските сметки на кои ќе им се изврши исплатата.

Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, е продадена на турски инвеститор во текот на овој месец.

Станбените и потрошувачките кредити се меѓу најбараните и најбрзо растечките кредитни продукти на комерцијалните банки во земјава меѓу граѓаните. 

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, беше ставен на црната листа на САД, Фактор одлучи да провери што поседува таткото на Струга, со оглед на тоа што според Стејт Департментот на САД, струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава.

фото Фејсбук Општина Струга

Слично

Поврзани вести