Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Член на обезбедувањето на Мицкоски уапсен по напад на полицаец

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Член на обезбедувањето на Мицкоски уапсен по напад на полицаец

УАПСЕН Е ЧЛЕН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи напиша дека во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, работат на расветлување. Тој го осуди насилството. 

„За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури да се постапи, се со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, напиша министерот.

ВМРО-ДПМНЕ преку министрите го воскресна „МВРО“, велат од НСДП.

Велат дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. 

АЛИЈАНСА НА СЕЛА ГО РАЗРЕШИ ТАРАВАРИ

Алијанса за Албанците свика вонреден конгрес на кој Зијадин Села го разреши Арбен Таравари. 

По расколот во партијата, ова е втор конгрес на партиското крило кое го предводи Зијадин Села за само три дена. За неколку часа делегатите одлучија да го сменат актулениот лидер Арбен Таравари и да го реизберат Зиајдин Села за иден претседатл.

Претходно, Алијанса за Албанците, крилото на Таравари, го одржа четвртиот Конгрес на партијата. На Конгресот присуствуваа 421 делегат од вкупно 739 колку што брои партијата. На заседавањето беа донесени повеќе одлуки. Првин беше одобрена кандидатурата на Арбен Таравари за претседател на претседателските избори на 24 април и 8 мај.

МИЛОШОСКИ УПАТИ КРИТИКИ ЗА НАШАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО МИНХЕН

Расштимана делегација во Минхен, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментира настанот на кој присуствуваше и македонска делегација. 

Вели дека деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен. Главни теми беа Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. 

Слично

Поврзани вести