ФАКТОР НА ДЕНОТ: Член на историската комисија си поднесе оставка, тврди дека имало притисоци
ЕДЕН ЧЛЕН СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ИСТОРИСКИ ПРАШАЊА
Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР, вели меѓудругото во своето обраќање до јавноста професорот Ванчо Ѓорѓиев кој е член на мешовитата комисија со Бугарија, а кој соопшти дека ја напушта работата во Комисијата.
Вели дека ја напушта работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и од повеќе мотиви. Освен политикото мешање наведува и други.
„При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност.До вчера напладне работите одеа добро во разговорите на заедничката историска Комисија, но, нешто се смени во последен момент, вели копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров.
МНР И ВЛАДАТА ТВРДАТ ДЕКА НЕМАЛО ПРИТИСОЦИ
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи вели дека Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија.
Вчера се одржа првиот ден од средбата и Османи се надева дека ќе има напредок.
„Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува и ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето“, вели тој.
По ова прашање реагираа и од Владата. Велат дека не се мешале во работата на историчарите.ПОВТОРНО НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница - по 1.
Регистрирани сe 271 оздравен пациент од: Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка- 14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод - по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.ЗАЕВ ВЕТИ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Oд јануари минималната плата ќе биде 300 евра, вели премиерот Зоран Заев.
„Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. Минималната, просечната плата и пензиите ќе продолжат забрзано да растат. Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра. Грижата за сите граѓани продолжува“, напиша Заев на Фејсбук.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август била 28.642 денари.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
