ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри
КРИТИЧНИТЕ ПАЦИЕНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ ПОДОБРИ
Во нашите болници има уште само 24 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, а како што соопшти министерот за здравтвство, Арбен Таравари, денеска ќе бидат испишани уште девет. Рече дека на скопските клиники се хоспитализирани 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, о „8-ми Септември“ остануваа осум пациенти, а во приватните болници има тројца.
КРИВИЧНА ЗА НАСИЛНИКОТ ОД РАДОВИШ
По бурните и бројни реакции на социјалите мрежи поради снимката која се појави на социјалните мрежи на која се гледа како возрасен маж напаѓа и тепа жена, многу граѓани апелираа да се преземат мерки и да се заштити жртвата, за која се тврди дека е бремена.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека веднаш по известување добиено од мајката на жртвата, насилникот бил уапсен.
- Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода.СЕ ПОЈАВИ УШТЕ ЕДНА СНИМКА ОД ПОЖАРОТ
Ново видео се појави од почетокот на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Многу убаво може да се види дека дискотеката е преполна со посетители, а некои морале да чекаат ред за да излезат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
