ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четири дена борба со пожарите, се трага по предизвикувачите
НОВИ ЖАРИШТА ВО МАКЕДОНИЈА
Бегајте, евакуирајте се, човечкиот живот е бесценет, порача директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој попладнево изрази сочуство до сопругот на жената од селото Челопек, во Старо Нагоричане која загина во пожарот што го зафати селото. Го повика граѓаните да бидат внимателни, затоа што еден отпушок од цигара може да убие.
„Безбедноста на прво место на луѓето, куќите ќе ги направиме. Ќе помогне владата, ќе помогне општината. Дрвјата ќе пораснат, нема за една година, им треба многу време, но колку буки или борови вреди еден човечки живот“, праша Ангелов.
Токму затоа ЦУК ќе се фокусира на спасување на човечките животи, да се фокусираме ба заштита на човековото здравје. Вели дека во Европа не постои хеликоптер кој гасне пожар ноќно време.Пожарите кај Охис и во Кучково се изгаснати, но има и нови жаришта.
Богословец во Светиниколско каде се изгорени четири куќи и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избиле пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, месно население и припадници на Шумското стопанство.ПРИВЕДЕНО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР
Уште едно лице е приведено за предизвикување на пожар, соопшти полицијата.
Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен денеска го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
За потсетување, во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.ДЕНЕС ИМА 219 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.
Пријавени се четири починати лица : две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г) починати во болнички услови.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
