ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат
ОТКАЗ ЗА 18-ТЕ СПОРНИ ВРАБОТУВАЊА НА ТОКСИКОЛОГИЈА
18-те вработени само со потпис на претходната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, од вчера повеќе не се на ова работно место.
Станува збор за вработените кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија која кулминираше со разрешување на медицинскиот директор на Клиниката.ЈСП СООПШТИ ДЕКА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ ПРОДОЛЖИ НЕПРЕЧЕНО
Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, велат од ЈСП.
Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот. Во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван. Претходно тие имаа најавено рестрикции на превозот.
Возачите кажаа претходно во текот на денот дека немаат пари за гориво.
МАКЕДОНСКОТО И ДРУГИТЕ МАЛИЦИНСТВА ВО АЛБАНИЈА ЌЕ БАРААТ НОВ ПОПИСМакедонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис.
- Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека истите се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите државни и меѓународни институции, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, МАЕИ.
Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
