ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето
БУРНИ РЕАКЦИИ ОТКАКО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЈА ИЗОСТАВИ „СЕВЕРНА“
Атина засега не е дојдена до точката да стави вето.
„Засега не сме дојдени до точката вето, но Преспанскиот договор мора да се почитува“, изјави портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис.
Одговорот за вчерашната свечена изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова која не ја употреби придавката „Северна“.ОД КАБИНЕТОТ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ИЗЛЕГОА СО СТАВ
По бројните реакции, се огласи Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.
„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.
Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.ЗАЕВ ПОВИКА ДА СЕ ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Екс премиерот Зоран Заев вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова треба да го почитуваат Уставот, Преспанскиот договор и законите.
Рече дека претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите.EКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ИЗНЕСУВА НИ 3 ОТСТО
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.
Макроекономските проекции за периодот 2024 − 2026 година упатуваат главно на слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Добар или уште подобро речено одличен старт на „Макпетрол“ во првите три месеци од годинава.
