Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарското МНР се огласи за клубовите во земјава, ќе дадат поддршка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарското МНР се огласи за клубовите во земјава, ќе дадат поддршка

БУГАРСКОТО МНР СО ПОДДРШКА ЗА БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ ВО ЗЕМЈАВА

„Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи“, велат денеска од бугарското министерство за надворешни работи за БГНЕС откако во македонското Собрание беа изгласани законските измени за здруженија и фондации.

Ова го изјави во одговор на прашање на БГНЕС, главниот експерт во Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков на редовниот брифинг на ресорот.

„Дали Венецијанската комисија може да го запре спроведувањето на законот - практично не, затоа што - пред се, одлуките на Венецијанската комисија се советодавни, а не задолжителни. Второ, одговорна влада, кога оди да бара мислење од Венецијанската комисија, тоа го прави во моментот кога законот се уште е предлог закон, а не кога е веќе усвоен“, објасни тој.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Голема полициска акција има во Скопје, при што неколкумина се приведени и пронајдени се оружје, муниција и дронови. 

Полициски службеници од СВР Скопје денеска заедно со припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” реализираа голема акција во главниот град. Во акцијата се уапсени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела. 

РЕАКЦИИ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОД ХЕРСОН

Русија најави дека нивните војници од украинскиот регион Херсон ќе се повлечат, но Украина уште е резервирана во својата реакција. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина ќе делува многу внимателно, без емоции, без непотребен ризик. Зеленски изразил внимателност по тврдењата на Москва дека ќе се повлече од западниот брег на реката Днепар во Херсон. Не ги открива плановите, но вели ќе се движат чекор по чекор. 

Повлекувањето на руските војници од Херсон го искоментира и српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој вели дека не очекувал руската армија така брзо да се повлече од единствената регионална престолнина што ја окупираше од почетокот на инвазијата на Украина. Кажа дека згрешил во прогнозата. 

„Тоа нам ни покажува колку мораме сами да си ја креираме и да се грижиме за нашата безбедност. Мораме сами за себе да се грижиме ако сакаме да ја браниме нашата воена неутралност“, изјави Вучиќ по денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За да станете добар блогер, треба да имате добра интуиција, да ги чувствувате потребите на публиката, да имате креативни идеи, да не се плашите да изгледате смешно, да бидете искрени, вели блогерката Јанина Злебова.

Државниот пазарен инспекторат упорно казнува, а фирмите упорно не плаќаат редовно и секој секому должи колку што може повеќе.


ЕСМ го основаше претпријатието кое ќе треба со топлинска енергија да ги загрева домовите и институциите во Битола. Минатата недела е регистрирано друштвото за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија ЕСМ Топлификација Битола Дооел од Новаци.

Големите македонски компании (без разлика дали се поседувани од домашни или странски акционери) се секогаш на економскиот браник на татковината со своите дела. 

По најавата дека Македонија ќе позајми 530 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд деталите за задолжувањето сега се пред пратениците.

Проблемот со бездомните кучиња во Скопје, но и во останатите градови во Македонија не само што не се решава со години, напротив, во последно време станува сè посериозен. Голем е бројот на граѓаните кои секојдневно пријавуваат дека се каснати од куче, и тоа некои од нив се здобиваат со сериозни повреди. Освен тоа стравот и траумата стануваат долготрајни и кај оние кои досега воопшто не се плашеле од кучиња.

Владата на РСМ ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија за проширување на списокот со дејности коишто ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават/час.

Слично

Поврзани вести