ФАКТОР НА ДЕНOT: Бугарскиот клуб во Охрид ќе го промени името, Османи се сретна со македонските Бугари
БУГАРСКИ КЛУБ ВО ОХРИД ПРИФАТИ ДА ГО СМЕНИ ИМЕТО
Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид се согласил да си го промени името на еден ден пред истекувањето на законскиот рок.
Здружението веќе поднесе барање до Централен регистар за усогласување со измените во Законот за здруженија и фондации.
До пладне, културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола нема доставено барање за измени, потврдија за Телма од Централен регистар.ОСМАНИ СЕ СРЕТНА СО МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, оствари средба со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија.
Во соопштението се вели дека средбата поминала во позитивна атмосфера со разменети мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Македонија. Се разговарало за „предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата“.ВО ТУРЦИЈА СЕ СПАСЕНИ МАЈКА И ДЕЦА ПО 228 ЧАСА ПОД УРНАТИНИТЕ
Спасувачките екипи извлекоа жена и две деца во Хатај од под урнатините на зграда 228 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија, пренесува Аваз.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
