ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор добил устен демарш од МНР зашто бугарската министерка рече „северномакедонски“
БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ДОБИЛ УСТЕН ДЕМАРШ
Бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова.
-Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството.
На средбата, додаваат оттаму, на амбасадорот му бил упатен устен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северномакедонски партнери“.
ЗАПРЕНА Е ПОСТАПКАТА ЗА КАПУШЕВСКИ И ЈАХОСКИПо спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.
- Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена должност - се појаснува во соопштението испратено до медиумите.OБВИНИТЕЛКАТА ВЕЛИ ДЕКА НЕМАЛЕ ДОВОЛНО ДОКАЗИ
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска на брифинг ги образложи причините поради кои е запрена истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. На брифингот присуствуваше и шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, а предметот го презентираше обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја водела постапката.
СТЕФКОВСКИ ГО ОСУДИ ИНЦИДЕНТОТ КОЈ СЕ СЛУЧИ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЧЕНТО
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го осуди инцидентот што вчера се случил во основно училиште во населбата Ченто, при што е со нож е повреден ученик од деветто одделение.
Стефковски информира дека разговарал со членови на семејството на повредениот ученик, кои го информирале дека малолетникот се наоѓа на болничко лекување.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
