ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски пратеници на транспаренти напишаа „Македонија е Бугарија“, реакција од ЕУ засега нема
ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКИ ПРАТЕНИЦИ
Бугарски пратеници денеска во Собранието држеа транспаренти на кои пишува „Македонија е Бугарија“.
Пратениците од пратеничката група „Преродба“ како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнаа транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побара да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.ПЕТКОВ ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА ДА НЕ ЈА ИСПУШТА ШАНСАТА
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков ја убедува Македонија дека не треба да ја испушти шансата и дека сега треба да го прифати францускиот предлог.
Тој вели дека оваа тема бара лидерство, а неговата Влада е разнишана. Toj до македонските власти и опозицијата упати повик да ја прифатат оваа шанса.
„Не ја пропуштајте оваа шанса, сега е можноста Македонија да направи голем чекор напред. Не треба никој да си го мери политичкиот успех според тоа. Тоа е толку важна кауза од национална важност за Макеоднија и се надевам дека лидерство ќе биде покажано и од нивна страна“, рече Петков во Брисел.МАКРОН И РУТЕ СЕ НАДЕВААТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“.
„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.Според премиерот на Холандија, Марк Руте, Бугарија и Македонија се блиску до изнаоѓање компромис за спорот што всушност ја спречи Македонија да се движи кон членство во ЕУ.
Тој вели дека никогаш не е „црно - бело“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Компанијата Фабрика Карпош ќе купува градежно земјиште вредно 772 илјади евра. Оваа одлука ја донело Собранието на акционери на компанијата.