Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарите реагираат за клубовите, а САД за изборот на Ислам Абази

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарите реагираат за клубовите, а САД за изборот на Ислам Абази

БУГАРСКОТО МНР ГИ СЛЕДИ РЕАКЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ОПОЗИЦИЈА

Бугарија реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека бугарските клубови треба да се затворат. Бугарското Министерство за надворешни работи(МНР) внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови. 

Според бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев, како што јави дописникот на МИА во Софија,  вакво однесување е единствено во корист на фактори или трети страни, кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Македонија.

САД СЕ ЗБУНЕТИ ОД ИЗБОРОТ НА ИСЛАМ АБАЗИ

Амбасадата на САД е збунета од изборот на Ислам Абази за шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, а обвинителката Фатиме Фетаи пак се повлече од трката за виш јавен обвинител. 

Амбасадорката Анџела Агелер е незадоволна од изборот на Абази за прв човек на Обвинителството кое гони криминал и корупција.

„Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. 

ДИМОВСКИ РЕФЕРИРАШЕ ЗА ПАСОШОТ НА ОНИШЧЕНКО

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која присуствуваше директорот на АНБ, Виктор Димовски, денеска се одржа зад затворени врати.

Димовски пред почетокот на седницата, со која раководеше пратеникот Љупчо Пренџов, побара новинарите да излезат од салата затоа што документите кои ќе ги презентирал за тоа како контроверзниот Олександр Онишченко добил македонски пасош, биле од класифициран карактер.

Пет пратеници го прифатија предлогот, а немаше ниту еден против или воздржан, по што медиумите мораше да ја напуштат салата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Градот Скопје е најголемата јавна организација која под своја капа го има најнаселениот регион во Македонија. Токму заради обемот на јавни објекти кои ги алиментира Градот Скопје кон крајот на септември за струја платил 414.000 евра

Самитот на Групата 20 (Г20) во Бали, Индонезија, од 14 до 19 ноември, го одбележа и учеството на кинескиот претседател Си Џинпинг со присуството на 29. состанок на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Бангкок, Тајланд.

Прва општинска обврзница ќе биде издадена на македонскиот пазар на хартии од вредност. Општина лидер во овој начин на задолжување ќе биде општината Штип која преку општински обврзници се испроба да обезбеди четири милиони евра, а парите ќе бидат вратени после следните седум години.

Министерството за одбрана ја плати првата рата од договорот со француското МО за набавка на системот за противвоздушна одбрана на мали височини „Мистрал“. Првата рата во висина од 695 милиони денари, или околу 11,5 милиони евра, е исплатена на 3 ноември. 

И во услови на криза, групацијата на семејството на бизнисменот Штерјо Наков покажа дека умее да работи не само профитабилно, туку и да го зголеми финансискиот резултат. Во првите девет месеци од годинава групата „Ферршпед“ остварила профит од 1,5 милиони евра, што е пораст од 12 проценти во однос на истиот период лани, говоири Билансот на успех на компанијата.

Дали вредност на недвижнините, постројките и опремата со кои располага ТЕЦ Неготино е реалната, е прашање кое се наметнува по објавата на независниот ревизорски извештај на веб страната на Македонска берза.

Градот Скопје е најголемата јавна организација која под своја капа го има најнаселениот регион во Македонија. Токму заради обемот на јавни објекти кои ги алиментира Градот Скопје кон крајот на септември за струја платил 414.000 евра

Македонската валута, денарот ужива висока доверба кај граѓаните и голем дел од населението штеди во денари. Така е долги години, а процесот се интензивира од 2002 година наваму. 


Слично

Поврзани вести