Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарите објавија нови детали за автобуската несреќа, а телата на загинатите утре ќе бидат донесени во земјава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарите објавија нови детали за автобуската несреќа, а телата на загинатите утре ќе бидат донесени во земјава

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА АВТОБУСОТ КОЈ ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈА

Утврдена е причината за пожарот во автобусот на Беса Транс. 

Ова за БТВ го кажа бугарскиот обвинител Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на истрагата за автобуската несреќа. Маринов одби да ја открие  причината за пожарот и рече дека тоа ќе го препушти на експертите. 

Но, тој прокоментира дека големо парче од заштитната ограда е „нанижано“ на автобусот од гумата до влезната врата, која е свиткана како хармоника и резервоарот е уништен.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција, при што целата опрема е сменета и останува да се види дали новата е „нефабричка“.  Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов повикувајќи се на проверката на остатоците од автобусот. Нема податоци за туби со бензин, а теориите дека имало  „материјали за производство на дрога“ според него не заслужуваат ни коментар.

ТЕЛАТА НА ЗАГИНАТИТЕ УТРЕ ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Камионот со кој до аеродромот ќе се транспортираат 45-те идентификувани тела од автобуската сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струма пристигна во мртовечницата, објави 24 Часа.

Посмртните останки ќе се превезат до аеродромот Враждебна, од каде утре треба со авион да пристигнат во Скопје.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави дека утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во автобуската несреќа во близина на Струма, Република Бугарија.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.


ПОДНЕСЕНА УШТЕ ЕДНА КАНДИДАТУРА ЗА ЛИДЕРСКОТО МЕСТО ВО СДСМ

Активист од Куманово влегува во трката за лидер на СДСМ. До Централната изборна комисија, денеска кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. За лидери се кандидираа Димитар Ковачевски и Фросина Ременски. И Јован Деспотовски размислува да се кандидира.

ДЕНЕС ИМА 333 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД

Министерството за здравство ја објави првата голема анализа за процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација.

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата планира да го менува Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ). Предлог измените и дополнувањата се веќе прикачени на ЕНЕР.

Сакате ли да се вработите? Во тоа сигурно ќе ви помогне најновото соопштение на Државниот завод за статистика, за бројот и процентот на слободни работни места во земјава.

Сериозно размислувам да се кандидирам за лидер на СДСМ, изјави денеска Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на партијата.

Раст на приходите од работењето, раст на бројот на вработени, но и на платите е забележан во изминатите 10 години во компаниите од Технолошко индустриските развојни зони.

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) купила денеска нови колични електрична енергија за потрошувачка за 7 дена односно од 6 до 12 декември за што ќе плати  3,85 милиони евра, дознава Фактор.

Слаб интерес има за дочек на Новата година на брегот на Охридското езеро. Само 20 до 30 отсто од хотелските капацитети ќе бидат исполнети за најлудата ноќ, потврдуваат од ХОТАМ.

Во моментов ЕСМ има тешка задача со падот на температурите да го осигура доволното количество на мазут за своите две подружници РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и за ТЕЦ Неготино.

Силк Роуд Банка ја пушти во употреба новата верзија на електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, со модерен, интуитивен и софистициран дизајн прилагоден за потребите на клиентите, вели во разговор за Фактор, Божидар Амбаров, раководител на експозитура Автокоманда во Силк Роуд Банка. 

Слично

Поврзани вести