Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија не отстапува од блокадата, за Радев се важни резултатите, а не роковите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија не отстапува од блокадата, за Радев се важни резултатите, а не роковите

БУГАРИЈА ОСТАНУВА СО ИСТ СТАВ КОН МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и дека сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни.

„На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, бидејќи по втор пат темата е надвор од дневен ред. Нашите партнери конечно разбраа каде е вистинскиот проблем. Проблемот длабоко влијае на основата на самата ЕУ – човековите права и недискриминацијата“, изјави Радев за бугарските медиуми во Брисел каде што учествува на шестиот самит на Источното партнерство и Европскиот совет.

Вели дека Софија ќе продолжи да ја брани својата позиција, не само историјата, посочувајќи дека главен приоритет е почитувањето на човековите права на луѓето со бугарски идентитет.

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска се наоѓа во посета на Приштина, во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, изјави дека му е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој вели дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави.

ИМА 326 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица - 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес  –  по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2, Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.

АКО НЕМА ДАТУМ, БЕСА БАРА ИЗБОРИ

Секретарот на Движењето БЕСА Аднан Азизи ги повика владејачките партии да отворат пат за предвремени парламентарни избори откако Македонија не успеа да добие датум за отворање на преговорите со ЕУ. 

Тој рече дека владата е делегитимирана и дека треба веднаш да се одржат парламентарни избори во Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дојдовме во фазата во која ќе треба да се „хендла“ и „пегла“ цената на струјата за домаќинствата. А особено во тој калап да се внесе реално големиот трошок што ќе го создаде набавката на струја за загуби на преносна и дистрибутивна мрежа (МЕПСО и на ЕВН). 

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби од редовите на ДУИ, не отстапува од својата намера да вработи дури 166 лица.

Тој е на чело на друштвото СПМГ кое управува практично со единствениот активен приватен инвестициски фонд во Македонија. Дејан Калиников управител на СПМГ, друштво кое управува со единствениот приватен фонд во Македонија  - МИФ во интервју за Фактор вели дека отсуството на алтернативни начини на финансирање, односно отсуство на приватни инвестициски фондови во земјава се должи на неколку фактори кои ја „карактеризираат“ Македонија во економски односно деловен смисол.

Кумашинот на премиерот Зоран Заев, Горан Митров - Гна, во еден ден основаше друштво за одгледување на канабис и млекарница со адреса во Сушица во општина Ново Село.

Слично

Поврзани вести