Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија ги оствари заканите, а Филипче повика да не се излегува од дома без потреба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија ги оствари заканите, а Филипче повика да не се излегува од дома без потреба

БУГАРИЈА ГИ ОСТВАРИ ЗАКАНИТЕ ЗА БЛОКАДА

Бугарија не сакала нејзините условувања да завршат како декларација на ЕУ.

Агенцијата БГНЕС oбјави дека Бугарија го одбила предлогот во ЕУ нејзините барања да бидат ставени во декларација надвор од преговарачката рамка, за да даде зелено светло за започнување на преговорите со Македонија. Бугарското МНР објави дека Бугарија официјално ја известила Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата до неа. Како аргумент се наведува дека не постојат потребни гаранции за исполнување на условите поставени од Бугарија.

Рамката за преговори предвидува можност за поставување на нашите услови во декларацијата на Советот на ЕУ која не е правно обврзувачки инструмент, соопшти  Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Разочарани сме од одлуката на Република Бугарија да не го поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Северна Македонија, што не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017, брифираат за Фактор од Владата. 

Велат дека  остануваат посветени на Договорот и уверени се дека тој претставува одлична рамка за менаџирање на билатералните прашања и нуди механизми за надминување на проблемите. 

Во таа насока подготвени се да дадат појаснувања за да ги отстранат загриженостите што се појавија во Република Бугарија. 

ФИЛИПЧЕ ПОВИКА ДА НЕ СЕ ИЗЛЕГУВА ОД ДОМА БЕЗ ПОТРЕБА

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција предупреди на сериозната ситуација со епидемиолошката состојба во земјава, нагласувајќи дека имаме експлозија на вирусот. Вели дека тој е распространет насекаде и дека дури и најмало невнимание може да доведе до трансмисија.

-Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Сметаме дека  мерките кои ги имаме се одлични, заради што и на утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести заклучивме дека засега не се потребни дополнителни рестриктивни мерки. Тоа што е важно и воедно апелирам е да се почитуваат мерките, и да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, до работно место…, истакна министерот.

Истовремено рече дека големиот наплив на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација ја наметна потребата за активирање на планот за отворање дополнителни одделенија каде ќе се сместуваат болните од ковид.

ДЕНЕС НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-569, Куманово-51,  Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Охрид-38, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3,  Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 307 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-10, Дебар-7, Штип-18, Прилеп-27, Тетово-29, Велес-12, Битола-19, Гостивар-12, Гевгелија-14, Струмица-25, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-12, Ресен-4.

Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ПОЧИНА ЈУГОСЛАВ КОЈ БАРАШЕ ПОМОШ ЗА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО ПРИВАТНА КЛИНИКА

Југослав Николиќ, кој бараше помош односно донации за да  може да се лекува на приватна клиника, починал од последиците на ковид 19. 

Тоа токму сега беше објавено на неговиот фејсбук профил, до сите добронамерни луѓе, да не донираат повеќе средства, а на оние што донирале, ќе им бидат вратени парите.

„Југослав почина од последица на Ковид 19. Ве молиме не уплаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка. Бог да го прости“, стои во постот на фејсбук, кој веројатно го објавил некој од блиските на Југослав. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најмалку 10 проценти од новозаразените граѓани со корона вирусот завршуваат во болница, бидејќи нивната здравствена состојба задолжително бара болничко лекување. Земјава се соочува со експоненцијален раст на епидемиолошката крива, поради што здравствените власти изминативе 10 дена се во целосна мобилизација на болниците и на кадарот.

Сите болници во Македонија каде се лекуваат пациенти болни од корона вирусот, во случај кога ќе почине пациент испраќаат комплетна документација за самиот пациент, во која има детални податоци за неговата здравствена состојба. Освен што се наведени податоци за причина за смртта, има и податоци за дополнителни коморбидитети, потврдуваат од неколку болници за Фактор.

На првиот Комитет на постојани претставници во Советот на Европска Унија (КОРЕПЕР), нашата држава денеска е блокирана од Бугарија. Ова е првиот негативен сигнал од Бугарија за европската интеграција на Северна Македонија.

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донел одлука да ги одложи во рок од 30 дена подзаконските акти за регистрирање на програмските пакети за реемитување на кабелските оператори.

И во услови на корона криза, не претсанува општествената дебата околу тоа дали недела треба да биде неработен ден за сите работници, освен за оние во чии дејности не е можно да се прекине работењето или производниот процес.

Во летниот период (јули,август и септември) во кој доминираат годишните одмори, „Прилепска пиварница“ успеала на домашен пазар дневната просечна продажба да ја крене до ниво од 97.000 евра што е резултат за респект во услови на ограничувања предизвикани со превентивните мерки за корона заразата.

„Македонската радиотелевизија“ во вкупните трошоци за вработените испланирале и вршење на ПЦР тестови за корона вирусот во 2021 година, а за тоа предвидени се 600.000 денари . 

Слично

Поврзани вести